Несторовски на прес конференција го “избања” селекторот Ангеловски (ВИДЕО)

Македонија слави историски триум, она за кое сонуваа сите македонски фудбалски фанатици.

Историскиот гол на Гранде Пандев, вечерва е причина за најголемото славје кое Македонија го имала во изминатите неколку години.

По натпреварот, на почетокот на прес-конференцијата на селекторот на македонската фудбалска репрезентација никој не можеше да ги скрие своите емоции и еуфорија.

Откако фудбалерите упаднаа на обраќањето кон јавноста и не го оставија Ангеловски да ги сподели своите импресии од историскиот натпревар, напаѓачот на Удинезе, Илија Несторовски го поли со вода селекторот Ангеловски, а неговата реакција ја воодушеви Македонија.

На прес конференцијата се гледа радост, македонска гордост и огромна еуфорија! Македонија има огромна причина да слави!

Погледнете го видеото:

Погледнете ги фотографиите:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *