Не можеле да имаат деца, па заминале кај Баба Ванѓа, таа го разоткрила мажот веднаш штом го преминал прагот

Баба Ванѓа беше најпознат пророк на нашите простори. Сите ја посетуваа, а обичните граѓани и беа нејзина најверна публика.

Таа вечно им даваше надеж и им помагаше во најтешките моменти од животот – со својот благослов и утешните зборови.

“Дојдовме пред куќата на Ванга, а гледката сосема не избезуми. Имаше многу гужва, човек до човек. Некој седеа на земја затоа што неможеа да дочекаат да влезат кај пророчицата“, се присетува жената од Македонија која ја посети Ванѓа во седумдесетите години со сопругот.

Докторите им кажале дека нема да имаат деца никогаш. Но, тие не ја изгубиле вербата никогаш.

“Беше лето, а температурите беа високи и повеќе ги заморуваше луѓето кои чекаа. Сепак никој несакаше да ризикува да се тргне од редот. Кој би знаел кога ќе имаат можност да се приближат толку блиску до пророкот. Чекаа со саати, а некогаш и преспиваа за да ја видат Ванѓа“, сведочи жената.

Таа била упорна, додека нејзиниот сопруг не верувал во моќта на Баба Ванѓа.

“Тоа е глупост, не ми паѓа на памет да одам кај таа Бугарка“, и рекол сопругот.

Но, сепак тие ја посетиле. Ванѓа била многу остра кон оние кои се сомневале во неа. Излегла од куќата и му се обратила на парот:

“Го впери прстот во мене и мојот сопруг, а собраниот народ се заледи“, раскажа жената и продолжи:

“Цел пат упатуваше пцости кон мене. Срам да ти е. Зошто дојде ако не веруваш? Одговорот на твоето прашање: Не, нема да имате деца!“

Нивната судбина навистина била тажна. Никогаш немале дете.

Author: admin

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *