Не, не ги раѓаш децата за да те чуваат во старост: Тие растат и треба да си заминат!

Не, не ги раѓаш децата за да има кој да се грижи за тебе на стари години. Прашање е и дали ќе дочекаш старост. А животот дотогаш ќе те научи на сè – па да бидеш и сам ако треба.

Го раѓаш и го растеш да порасне добар човек, да го разубави овој свет. И гледаш да не погрешиш. Подоцна ќе видиш како ќе се однесува кон тебе.

Низ сите години треба да го научиш дека има луѓе кои не заслужуваат ни прст, а камо ли ракување. Но и дека не постои кучешка шепа која не ја заслужува неговата рака.

Ќе му купуваш стотици балони за роденден и ќе ги пуштате да летаат високо, високо… А, најтешко ќе ти биде кога ќе треба да прифатиш дека еден ден и него ќе треба да го пуштиш да замине.

Ќе го пазиш и чуваш додека е под твој надзор. Но, сè уште нема измислено заштита која ќе го спречи понатаму во животот да не зачекори во нешто лошо.

Ќе ти поставува илјадници прашања дневно и ќе измислуваш различни одговори. А, сепак, нема да можеш да го заштитиш кога во животот ќе остане без зборови од нешто што се случува околу него.

Да – растат. Да, си заминуваат. И да, мораат сами. Без нас.

Кому му е гајле за староста. Со детето преку ноќ и онака старееш по 10 години.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *