Не престануваат со понижување на Џоковиќ: Овој пат со карикатура (ФОТО)

Огромниот успех кој Новак Џоковиќ го остварил и кој тешко некој наскоро ќе може да го надмине, изгледа им пречи на љубителите на тенисот на западот.

После лошата колумна објавена неодамна во L’ekip, во која колумнистката тврди дека Новак никој не го сака, ниту кога победува, ниту кога е најдобар, овој пат листот отиде чекор понатаму и во денот кога Новак официјално стана рекордер по бројот на недели поминати на врвот на АТП листата, одлучиле да му “честитаат” со ваква карикатура.

На неа Џоковиќ е прикажан како стои со раширени раце, тажен, додека навивачите се прегрнуваат и да му даваат поддршка и љубов на неговиот голем ривал, Роџер Федерер, кој токму вчера најави враќање на терен после долга пауза.

“Погледнете, Федерер се враќа на терен”, “Роџер, засекогаш”, “Те сакаме”, се само некои од повиците на “навивачите”.

Но, како да не знаат дека Новак одамна повеќе не го погодува тоа што не е толку сакан како Швајцарецот, а колку му значи поддршка на неговите вистински навивачи, поакажа во понеделникот кога својот историски успех го прослави токму со нив.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *