“Никогаш не сум излегла со другарки, ниту сум имала романтична врска”: Џенет веќе 70 години живее со својата мајка

Сега сме повеќе пријателки отколку мајка и ќерка, а Џенет и нејзината мајка Џоан сега заедно се вселиле во старечки дом.

Кога Џенет Кокс (67) од Честерфилд била тинејџерка, нејзината мајка Џоан (87) ја терала да излегува и да се дружи со луѓето на нејзина возраст.

Сепак, таа се борела да се вклопи со децата во училиште и наместо тоа, попрво би играла карти и останати социјални игри со своите родители или својата баба.

Така останала со својата мајка, па дури и децении подоцна не го напуштила својот семеен дом, ниту некогаш се впуштила во романтична врска. И вели дека за ништо не би го менувала својот живот.

Двете жени живеат заедно речиси 70 години и никогаш не се раздвојувале повеќе од неколку недели откако Џенет се родила.

Сега велат, дека се повеќе пријателки отколку мајка и ќерка, а заедно се вселиле во старечкиот дом, каде што Џенет се грижи за Џоан која веќе некое време пати од деменција.

Некогашната секретарка Џенет го објасни нивниот однос:

-Не би сакале да живееме поинаку. Отсекогаш бевме среќни заедно.

-Заедно проживеавме прекрасен живот – изјавила мајката Џоан која со сопругот преку 30 години водела фарма.

-Горди сме на тоа што сме познати како најблиска мајка и ќерка во Велика Британија.

Покрај Џенет, Џоан и покојниот сопруг Харолд имаат уште две деца, постарата ќерка Ен и најмладиот син. Кога Џенет имала 6 години семејството се преселило на фарма на која одгледувале цвеќиња, свињи, кокошки и крави.

Во тинејџерскиот период Џенет се борела да се вклопи со децата од своја возраст, а своето време попрво го поминувала со родителите и бабата која живеела во близина, отколку со нејзините врснички.

– Никогаш не сум била бунтовна, тоа повеќе беше мојата сестра. Секогаш бев дете за пример. Никогаш не ме привлекуваше да излегувам, ниту да се дружам со младите. Не ми беа интересни и повеќе време сакав да поминувам со старите. Мајка ми се грижеше да не пропуштам нешто и ме тераше да одам во клубови и да ги запознаат своите врсници. Но, мојот татко и велеше да ме пушти на мира да ме остави да живеам онака како што сум најмногу среќна.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *