Никој не го очекуваше ова: Трамп најави кога ќе ја напушти Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Електорскиот колеџ го изгласа Џозеф Бајден, избраниот претседател и кандидат на Демократската партија, за нов претседател на Соединетите Држави.

Трамп во разговор со новинарите во текот на Денот на благодарност, изјави дека ќе излезе од Белата куќа доколку победата на Бајден ја потврди Електорскиот колеџ.

“Сигурно ќе го направам и вие го знаете тоа. Но мислам дека многу работи ќе се случат до 20. јануари. Многу работи – бидејќи се утврдени масовни нерегуларности. Ние сме како земја од третиот свет”, изјавил Трамп.

Актуелниот претседател изјави дека му е тешко да се согласи со предвидениот изборен резултат, како што изјавил, под моменталните околности, но не сакал да одговори дали ќе присуствува на инаугурацијата на избраниот претседател Џозеф Бајден која би требало да се одржи на 20. јануари.

Џозеф Бајден е превиден победник на американските претседателски избори на кои освои 306 електорски гласови – наспроти 232 колку што собра актуелниот претседател и републикански кандидат.

Трамп, неговата кампања и правниот тим ги оспоруваат резултатите од претседателските избори одржани на 3. ноември, тврдејќи дека процесот го одбележиле неправилности при гласањето и пребројувањето на гласовите, кои допринеле да наместо него – избран претседател биде демократскиот кандидат Џозеф Бајден.

Меѓутоа, за тие тврдења освен објави на социјалните мрежи на кои се оспорува точноста, Трамп и неговата кампања не понудиле валидни докази – што за резултат има нивно отфрлање пред судовите.

Американските држави би требало до 8. декември да ги потврдат резултатите од гласањето, а на 14. декември би требало да биде одржано електорско гласање.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *