“Никој не сакаше да ми помогне, го туркав моето BMW два километри додека сите ми се смееа”

Фотографијата на возаот на автомобил БМВ кој заглавил во снегот во средата послепладне стана вистински хит, укажувајќи на проблемите кои снегот може да ги предизвика. Меѓутоа, возачот тврди дека ниту луѓето не се покажале.

-Заглавивме, јас излегов да буткам, а господичнатакоја се возеше со мене го управуваше. Буткав два километри, се смрзнав, луѓето само се смееа – раскажал возачот и додал дека после два километри буткање луѓето не ни му понудиле помош, иако имало многу околу нив.

Фотографијата која го обиколи Балканот настанала околу 10 часот, а озачот вели дека на тој дел од автопатот во тоа време немало многу автомобили, па било сосем безбедно. Во случај некој да поминувал, го заобиколувал и продолжувал понатаму. После некое време успеал да го апали автомобилот и да продолжи понатаму.

-Не застанавме до Ријека. Среќно стасавме, имаше мала борба на некои делови од улицата, но возевме 30 на час и се беше океј.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *