Новак го сруши Федерер и постави рекорд кој тешко дека некој некогаш ќе го сруши

Новак Џоковиќ на 8. март 2021 година и официјално стана сопственик на уште еден рекорд, бидејќи ја започна 311. недела на врвот на АТП ранг листата.

Џоковиќ го престигна досегашниот рекордер Роџер Федерер, со што оствари една од двете најголеми цели кои ги ставил пред себе.

Никој од активните играчи не е ниту во близина на рекордот на Новак, а со оглед дека е мала веројатноста дека триесетидеветгодишниот Швајцарец ќе се врати на првото место од ранг листата, тешко е да се види дека некој некогаш ќе може да го сруши неговиот рекорд.

Од 4. јули 2011 година, односно денот кога за прв пат пристигна на првото место на ранг листата, Новак на таа позиција бил дури 64,26 отсто од времето.

На АТП тронот најдолго се задржал во периодот од јули 2014 до ноември 2016 година, кога бил прв тенисер на светот со вкупно 122 недели. Моменталното владеење трае од февруари 2020, но не му се пресметани сите недели во текот на неколкуте месеци поради пандемијата со вирусот.

Од првата недела на Новак, само три тенисери успеале да му го превземат тронот. Федерер бил водечки 25 недели, Мари 41, а Надал 107.

Позади него на актуелната листа останаа Федерер со 310, Пит Сампрас со 286, Иван Лендл со 270, Џими Конорс со 268 и Надал со 209.

Триесетгодишниот Новак останува да оствари уште една цел за да стане најдобриот тенисер на сите времиња, а тоа е рекордот по освоени Гренд слем трофеи. Моментално ги има 18, два помалку од Федерер и Надал.

Новопечениот рекордер љубителите на тенисот нареден пат ќе имаат прилика да го гледаат на 24. март на Мастерс во Мајами, недолго откако ќе заигра и на Србија Опен, на своите терени на Дорчола, 19 април.

Погледнете ја споредбата помеѓу Џоковиќ и Федерер во видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *