Новак повторно го прашаа дали ќе се ваkцинира, па тој им го дал најчудниот одговор кој сите ги изненадил

Новак Џоковиќ уште еднаш го изнесе своето мислење за ваkцинација против коpона и ги појасни своите ставови поради кои често беше мета на критики.

Имено, во текот на интервјуто за “7NEWS Autralia”, недолго после неговиот девети триумфален поход на Мелбурн Парк, Џоковиќ го прашаа како ќе се однесува доколку ковид-19 ваkцината биде задолжителна за настапите на тениските турнири. Беше тоа прашање кое го подгреа ставот на оние кои Ноле го сметаат за антиваксер да продолжи со таквото однесување но, најдобриот тенисер на светот не сакал да игра такви игри. Па еве како одговори:

“Ајде прво да видиме што ќе се случува. Многу приказни имаше, но малтеини ништо дефинитивно не е одлучено во смисла на прописи, или правила на АТП или организаторите на гренд слем турнирот. Така да, едноставно, ќе почекам и ќе видам”, истакна Новак.

Тој го додаде следното:

“Моментално околу многу работи се дебатира, се е уште во воздух и нема да коментирам ништо што не е готово”.

Неговиот триумф во неделата го обележаа и свиркањата упатени кон челниците на Тенискиот сојуз на Австралија, Џејн Хрдлички, кога во текот на говорот после финалето ја спомна ваkцинацијата.

“Тоа дефинитивно не беше лесна ситуација за претседателот на австралискиот Сојуз. Сочувствувам со неа. Мислам дека добро се носеше со оглед на околностите, дефинитивно не е лесно да останеш прибран како што е таа. Заврши говор на многу добар начин”, истакна Ноле и, поддржувајќи ја исвирката Џејн, изби уште еден адут од раката на новинарите кои го сметаат за антиваксер.

На крај се насочи и на толку посакуваниот крај на панндемијата:

“Многу помешани мислења и емоции околу се што се случува во светот. Луѓето сакаат да се вратат на нормалните животи, па нормално е да видите и слушнете фрустрации. Не ми делува како крајот на пандемијата да е близу, посебно кога е во прашање Европа и враќањето на тамошната публика на спортските настани”, заклучил најдобриот тенисер на светот.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *