Нов закон: Оној што ќе биде позитивен на коpона, ќе добие 550 евра од државата

Владата на Хонгконг, најави еднократна парична помош од 5.000 хонконшки долари, односно околу 550 евра, за жителите кои ќе имаат позитивен резултат на тестот на вирусот коид-19, за да ги поттикне луѓето да се тестираат.

Таа парична помош е наменета за работниците во Хонгконг, заразени со коронавирус со локален пренос на инфекцијата, кои немаат право на платено боледување, соопштила Владата.

Поединечни критичари на таа одлука изразија загриженост дека паричанта помош за оние кои се позитивни на ковид-19 може да ги поттикне сиромашните жители да се изложат на ризик од зараза за да добијат пари од владата.

Властите на Хонгконг сметаат дека луѓето нема намерно да се заразат за Владата да им исплати пари бидејќи симптомите на ковид-19, можат да бидат сериозни и тешки.

Хонгконг, кој се соочува со четвртиот бран, ги заостри мерките со цел спречување на ширењето на вирусот кој досега во тој град го одзеде животот на повеќе од 108 луѓе.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *