Нов полициски час во Македонија: Еве од кога стапува на сила и какви ќе бидат новите рестриктивни мерки

Од утре на сила стапуваат новите рестриктивни мерки кои Владата денес ги донесе на итна седница веднаш по укажувањата од страна на епидемиолозите за сериозната епидемиолошка ситуација во Македонија.

Премиерот на Македонија, Зоран Заев апелидраше дека ова е момент кога треба да биде максимално одговорни, посебно поради брзото ширење на британскиот сој на ковид-19, кој како што додаде, е побрзо пренослив и многу побрзо после заразата создава потешки клинички слики кај заразените пациенти.

-Анализата на епидемиолозите покажува дека британскиот сој во нашава земја се повеќе зема замав, освен што се пренесува побрзо, создава и многу потешки клинички слики за разлика од изминатиот период. Затоа Владата одлучи да воведе нови рестриктивни мерки, пред се за да не се комплицира дополнително епидемиолошката состојба пред престојните празници, како и во насока да се одморат здравствените работници. Прво, Владата одлучи полицискиот час да почнува од 20 часо до 5 часот изутрина, целосно се затвораат угостителските објекти, обложувалниците треба да направат шалтерски систем на уплата, се забрануваат секакви посети на места за вежбање, односно фитенс центри, и се забранув аат сите видови на обуки, семинари, конференции. Сите овие мерки почнуваат од утре 6. април и ќе важат до 20. април, истакна на прес-конференцијата премиерот Зоран заев.

Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека и покрај тоа што претходните мерки дадоа извесни резултати, односно ги стабилизираа бројките и не дозволија експоненцијален раст, сепак, епидемиолошката состојба во земјава е сериозна.

-Во последните недели евидентен е голем број позитивни случаи, како и зголемување на бројот на хоспитализираните. Во однос на клиничката слика пак, кај пациентите, би сакал да соопштам дека поради самата клиничка слика која е резулат на британскиот сој, хоспитализацијата трае подолго. Ако порано сметавме дека 14. ден пациентот е веќе излечен, сега се случува да имаме влошување на клиничката слика дури на 12. па и 14 ден од почетокот на заразувањето кај еден пациент. Влошувањето често се случува на белите дробови, па и покрај сите терапевтски третмани и лекување, дел од пациентите завршуваат со смртни последици. Затоа стапуваат на сила овие нови рестриктивни мерки, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *