Нов удар за Трамп – Меланија ги одбројува минутите до развод со поранешниот претседател на САД

Меланија Трамп ги одбројува минутите до развод со Доналд Трамп, актуелниот претседател на САД, се со цел конечно да стави точка на нивниот 15 годишен “трансакциски брак” пренесуваат британските таблоиди.

Поранешната соработничка Омароса Маниго Њуман открила дека нивниот брак одамна е во криза: “Меланија ја брои секоја минута до неговото заминување од Белата куќа за да побара развод. Доколку би сакала да го понижи и остави во текот на мандатот, тој би нашол начин да ја казни”.

Како што се тврди, Меланија била очајна во 2016. година кога Трамп победил на американските претседателски избори, бидејќи не можела ниту да претпостави дека токму тој ќе победи.

Исто така, не му се придружила веднаш во Вашингтон туку чекала 5 месеци, наводно, за нивниот син Барон, да заврши со училиштето.

Меѓутоа, уште една нејзина поранешна асистентка Стефани Волкоф тврди дека првата дама планира да се разведе и да преговара за Барон да добие еднаков дел од богатството на Трамп.

Волкофова тврди дека сопружниците постојано спиеле во одвоени соби и дека нивниот брак бил чиста трансакција.

Иначе, Трамп претходно бил два пати во брак, а другата жена Марла Мејплс се обврзала дека нема да објавува критични книги или да дава интервјуа за него, а се сомнева дека Меланија ќе го направи истото.

Медиумите често истакнувале колку Меланија и Трамп не се блиски во јавност, а првата дама неколкупати беше снимена и како ги одбива неговите допири или се обидува да ја фати за рака.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *