Нора е првата жена кандидат за астронаут од Арапските Емирати: Заминува на тренинг во НАСА

Нора ал-Матруши е 27 годишен дипломиран машински инжинер.

Во рамките на забрзата подготовка за освојување на вселната и диверсификација на својата економија низ вселенската програма, Соединетите Арапски Емирати ја избраа првата жена, која како кандидатка за астроунат ќе биде упатена на тренинг во американската НАСА.

Државјанката на Соединетите Арапски Емирати, Нора ал-Матруши е 27 годишен дипломиран машински инжинер, која моментално е вработена во Националната нафтена градежна компанија, и ќе се придружи на овогодинешната класа на кандидати на програмата на НАСА за астроунати.

Со развојот на вселенската програма, Соединетите Арапски Емирате настојуваат да развијат нови технолошки и научни способности и да ја намалат зависноста на својата економија од експлоатацијата на нафта, пренесува Ројтерс.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *