Носталгија: Неколку работи кои родителите им ги дозволуваа на своите деца пред 40 години, но денес се незамисливи

Многу родители ќе кажат дека некогаш детството било безгрижно и поопуштено. Но, за поголемиот дел од родителите денес, не е замисливо да им дозволат на своите деца работи кои родителите во 80тите им ги дозволувале на своите деца.

Не е дека родителите и децата пред четири децении биле невнимателни или неодговорни, туку денес родителите имаат поголем пристап до информации отколку што нивните родители имале. Иако често изгледа дека детството тогаш било безгрижно, поголемиот дел од денешните родители се изненадени од родителскиот стил во 80тите.

Ова се неколку работи кои родителите во 80тите им ги допуштале на своите деца, а кои денес се незамисливи за новите и модерни родители.

Ги оставале децата сами дома

Пред неколку децении било прилично вообичаено за родителите да ги остават децата сами дома додека не се вратат од работа.

Многу деца би дошле дома од училиште, би ги извршиле домашните работи, и дури си подготвувале јадења или ужина самите.

Овие денови, поголемиот дел од родителите на малите деца не им дозволува ниту сами да одат во тоалет, а камоли да пуштат 6 годишници сами да се чуваат.

Ги пуштале децата да возат велосипед без кацига

Не е дека кацигите не постоеле, туку нивните кул деца никогаш не ги носеле, но родителите не се замарале со фактот дека нивното дете ќе добие гребаница или модрица. Децата кои носеле заштитна кацига на глава или било какви штитници на колената и слично, дефинитивно биле малцинство. Денес пак, ретко кое дете може да се види како вози велосипед на овој начин.

Ги возеле децата во автомобилот без посебно седиште

Да, авто-седиштата постоеле и тогаш, но поголемиот дел од родителите воопшто не ги употребувале, а сигурно не биле многу модерни и функционални како денешните модели. Родителите денес се толку уплашени од сите можни и неможни сценарија да авто-седиштата се едноставно задолжителна опрема во секој автомобил. Пред неколку децении пракса била помалото дете да се држи во раце, а штом наполни две години, тоа веќе може да седи само. Тоа секако беше многу небезбедно.

Ги пуштаа децата да си играат, било каде и по било што

Денес, не само што родителите не им дозволуваат на децата сами да си играат, туку и внимаваат каде си играат децата и со што си играат. Обичните игри во парк станаа научна фантастика. Родителите од 80тите не би ги виделе децата по неколку часа додека тие безгрижно си играле по маалото.

Не се замараа толку со што јадат децата

Во 80тите, практичноста беше најважна, и тоа беше цела уметност околу храната. Денешните родители ги проучуваат состојките кои нивните родители не би ги ни погледнале. Исто така, важно е што се јаде, колку се јаде и кога се јаде. Дали моето дете јаде доволно од ова, дали смее да го јаде ова и дали во ова и многу од тоа и тоа, се прашања на кои родителите од 80тите топло се насмевнаа. изгледа дека пред 40тина години имало и многу помалку алергии на храна и вештачки состојки кои денес често се наоѓаат на полиците во продавниците.

Ги пуштаа децата да пијат вода од цревото

Осумдесетите години се години кога децата беа жедни, а без проблем пиееја вода од цревото за вода или чешмата во дворот. Тоа сепак, не беше баш најсигурна опција поради отpовните хемикалии, но денес родителите посебно внимаваат од каде нивните деца пијат вода, па некои родители на своите деца им даваат да пијат само флаширана вода или користат филтри за вода и пијат само прочистена вода иако водата од славина најчесто е сосем добра.

Ги пуштаа постарите деца да ги чуваат своите помлади браќа или сестри

Порано родителите ги пуштаа своите не толку стари деца да ги чуваат своите помлади браќа и сестри. Денес, не само што родителите не ги оставаат 8 годишните деца да останат сами со 3 годишните деца, туку нивните деца можат да ги чуваат само возрасни и проверени лица, а понекогаш ниту возрасните не се доволно квалификувани.

Ги пуштаа децата да гледаат проблематични програми на телевизија

Децата некогаш гледаа апсолутно се и сешто на телевизија, па неретко се случувало да веќе во основно училиште ги знаат сите најпопуларни романтични или хорор филмови, а често имале и ноќни мори од истите. Денес постојат родителски контроли. Се внимава што се гледа и колку се гледа, а многу родители не сакаат ниту бебињата да бидат во иста просторија додека во позадина оди некаква содржина.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *