Нумеролог открива што не чека во 2021 година: Еве за кои ќе биде мрачна, а за кои светла и полна со перспектива

Едни ќе доживеат просперитет, а други, па и не баш. Но, добрите вести се дека зависи од нас самите.

2020 година не беше баш пријатна за сите. Од глобална пандемија, па се до лични неуспеси, изминатите 12 месеци речиси ништо не испадна како што сме планирале.

Сепак, според експерти за нумерологија, 2021. година ќе биде многу поведра година.

Во разговор за “Body+Soul”, нумерологот Џоси Курсио истканува дека не е ниту чудо што 2020. година беше ваква, бидејќи поради своите повторувачки цифри, таа беше предодредена да биде мрачна.

-Бројот има влијание, има личност. И токму како и личноста во животот, во нумерологијата исто така имате позитивни и негативни карактерисики – изјавила таа.

Џоси истакнала дека бројот 2 низ историјата означува “негување на сопствениот раст”.

А бидејќи имавме две во една година, тоа не примора да размислиме за својот живот, а сигурно е дека сме имале време тоа да го направиме во текот на зголемениот престој во домот.

Двојната нула е исто така виновна што оваа година беше толку мрачна.

-Нулата претставува дупка и престој во темнина.

А кога ќе ги соберете броевите за 2020 година, се добива бројот 4 кој се поврзува со создавање на подобар живот, но само доколку сме подготвени да се потрудиме.

-2020 година ги разниша нашите темели. Знаев дека оваа година ќе биде тешка, но ниту самата не можев да замислам дека тоа ќе биде на ова ниво.

Што не чека во 2021. година?

Како што вели таа, следната година ќе биде неверојатна во позитивна смисла на зборот.

Збирот на броевите за следната година е бројот 5, кој претставува небо, океан и бескрајни можности.

За оние луѓе кои ја искористија 2020. година да размислат и да го анализираат својот живот, 2021. година ќе биде година на голем напредок.

Сепак, оние кои тоа не го направиле, ниту пак извлекле поука од 2020. година, и во наредната година ќе останат “себично” заглавени на истото место.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *