Обама, Буш и Клинтон ќе се вакцинираат пред камера, за да им докажат на луѓето дека е безбедна

Претседателите Barack Obama, George W. Bush и Bill Clinton волонтираат да ја примат коронавирус вакцината, веднаш штом биде достапна, на камера за да ги смират скептиците за вакцината.

Кој е подобар да промовира производ од поранешен претседател? Што е доколку се три поранешни претседатели?

Поранешните претседатели Barack Obama, George W. Bush и Bill Clinton имаат желба да ја позајмат својата моќ на ѕвезда за добар повод, изјавувајќи дека сакаат јавно да ја примат вакцината против коронавирусот, веднаш штом е достапна во САД, со цел да ги охрабрат скептичните Американци да го сторат истото.

Obama изјави дека ако Dr. Anthony Fauci, еден од најдобрите инфектолози во земјата, мисли дека вакцината е безбедна и ефективна, тогаш ќе ја прими вакцината.

„Ви ветувам дека кога ќе биде направена вакцината за луѓе кои се помалку ризични, јас ќе ја примам. Можно е да ја примам вакцината на ТВ или да направам филм од неа, само за овие луѓе да знаат дека јас и верувам на оваа наука,“- изјави Obama на интервјуто на The Joe Madison Show на SiriusXM, аудио кое е поставено да се емитува во четврток, а е прикачено на Youtube во среда.

Следејќи ги коментарите на Obama, Bush и Clinton изјавија дека се заинтересирани да се вакцинираат во јавност.

CNN објави дека Freddy Ford шефот на кабинетот на Bush, изјавил дека претседателот воспоставил контакт со Fauci и Dr. Deborah Birx, одговорен кординатор за коронавирусот на Белата куќа, за да види дали може да помогне во промоцијата на вакцината.

„Најпрво, за вакцините мора да се верува дека се безбедни и да се доставени до приоритетното население,“- Ford изјави за CNN. Потоа претседателот Bush ќе дојде на ред, и може со задоволство да ја прими вакцината и на камера.

Прес- секретарката на Clinton, Angel Urena, исто изјави на вестите дека 42-от претседател ќе сака да ја прими вакцината јавно на ТВ, ако на тој начин ги храбри Американците да го сторат истото.

Коментарите на поранешните претседатели доаѓаат во моментот кога фармацевтските компании работат на добивање на одржлива вакцина за коронавирус одобрена од американските регулатори пред крајот на годината.

Брзиот развој на вакцини од Pfizer и Moderna го извлече скептицизмот од членовите на публиката кои се загрижени за ризикот од вакцинирање и за нивната ефективност. Обете компании тврдат дека вакцините се 95% ефективни.

„Скептицизмот и двоумењето се многу поголеми во црната заедница,“- кажа Obama за време на неговото интервју за SiriusXM.

Неодамнешните анкети имплицираат дека афричките американци се поколебливи за да се вакцинираат, отколку другите расистички и етнички групации во САД.

„Разбирам дека знаете историски- се датирајќи од Tuskegee експериментите па понатаму- зошто африканско американската заедница би имала скептицизам,“- изјави Obama. Но всушност суштината е во тоа што вакцината е онаа заради која немаме детска парализа повеќе, таа е причина зошто немаме многу деца кои умираат од рубеола и вариола и болести кои порано го десеткуваа целото население и заедниците.

Обединетото Кралство најави голем исчекор во трката за да се развие имунизација за коронавирусот во средата. Нацијата формално ја одобри Pfizer и вакцината на германската компанија BioNTech за итна употреба со планови да се отпочне имунизација што порано уште идната недела. Pfizer и BioNTech соопштија оваа недела, дека веруваат одобрението на САД ќе дојде подоцна овој месец.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *