Обама одбил да одговори на прашањето на новинарите за вонземјаните, но потврдил дека тие се помеѓу нас

Вистината е некаде таму, но неа нема да ја слушнете од Барак Обама. Поранешниот претседател на САД изјавил дека ја испрашувал владата за вонземјани и НЛО додека бил на функција. Но не сака да зборува за она што му било кажано.

Обама оваа недела во интервју во емисијата “Лејт шоу” со Стивен Колберт зборувал за доверливи информации кои ги добил во текот на престојот во Белата куќа. Демократот потврдил дека прашал за вонземјани, но бил воздржан за она што знае, пренесува РТ.

“Секако дека го прашав тоа”, открил Обама кога Колберт спомнал НЛО. Иако на инсистирање на новинарот да одговори, Обама изјавил низ насмевка “Извинете, не можам да ви кажам”.

Колберт воздржувањето на Обама го протумачил како премолчена потврда дека не сме сами во универзумот.

“Во ред, ќе го сфатам тоа како ‘да'”, спомена тој. “Бидејќи да ги немало, ќе изјавивте дека не постојат. Штотуку ја одигравте вашата рака. Мислам дека играте покер. Само што ја покажавме вашата последна карта.”.

Поранешниот претседател одлучил да не одвраќа на овој драматичен заклучок на Колбер, па изјави “Слободно така мислете”.

Обама не е единствениот поранешен американски претседател кој зборувал на темата за вонземјани во ток-шоу емисија. Порано оваа година, Бил Клинтон му рече на Џими Кемел дека не би се “изненадил” доколку постојат вонземјани.

Клинтон исто така одрекол дека американската влада држела вонземјани во злогласната воздухопловна база Ареа 51 во Невада.

“Прво испратив луѓе да ги прегледаат извештаите за Ареа 51, за да бидеме сигурни дека таму нема вонземјани. Навистина немаше вонземјани”, изјавил тој.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *