Објавена последната снимка на Марадона: Погледнете како изгледала легендата пред да го напушти овој свет (ВИДЕО)

Не би било тука ништо чудно да пред некој ден протекла снимка од разговорот на Луке со психијатрот Аугустин Косачов.

Крајот на минатата година го одбележи и заминувањето на големиот Диего Марадона од овој свет. Легендата го напушти светот во прилично неразрешени околности во 61 година од својот живот.

Марадона, според првите наводи, починал од белодробен едем и срцев удар, но Аргентинците не ги препуштија работите на случајот и набрзо покренаа детална истрага за славниот фудбалер.

После тоа пристигнаа обвиненија на сметка на неговиот доктор Леополд Луке, како и медицинскиот тим кој се грижел за него бидејќи Марадона бил пуштен на домашно лекување недолго откако имал тешка операција на хематом на мозокот. И да нешто навистина не било како што треба, се виде откако аргентинската телевизија Телефе ги објави резултатите од обдукцијата. Како што наведуваат, во крвта не е пронајдено ништо спорно, но затоа тврдат дека Диего не заминал мирно и безбеболно како што се тврдело, туку тоа било агонија која траела помеѓу шест и осум часа.

На социјалните мрежи протече снимка на Марадона за која се верува дека е една од последните, ако не и последната која во животот ја снимил. На неа му се обраќа на својот доктор кој се смета за најголем виновник бидејќи не го лечел на вистинскиот начин. Марадона, очигледно, мислел дека со него се ќе биде во ред.

“Малку сум расечен, но се е во ред. Знаеш дека не сакам премногу интимни моменти, но друштво на добри луѓе излегувам од својот оклоп. Ти праќам бакнеж Луке.” изјавил Марадона во видеото.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *