Оваа Европска држава повторно прогласи вонредна состојба поради коpонавирус

Чешката влада во петокот ја донесе одлуката за нова вонредна состојба која стапува на сила од недела и ќе трае 30 дена со што се ограничува движењето на луѓето да се обиде да се намали ширењето на вирусот помеѓу жителите, објавено е на владиниот твитер профил.

Тој потег беше очекуван откако парламентот одби продолжување на сегашната вонредна состојба порано во петокот.

Владата се состанала за да ги финализира новите построги мерки додека се обидува да го успори растот на стапката на инфекцијата која е највисока во светот. Земја од 10,7 милиони луѓе, во кои една од десет личности била заразени во последните година дена, во минатата седмица имала највисока стапка на инфекција по глава на жител во светот, покажува страницата Our World in Data, односно десет пати повеќе од Германија.

Владата планира да ги затвори училиштата, да забрани отворање на дел од продавницата и да ги ограничи патувањата во земјата на само оние нужните. Чешка во петокот се приближи кон бројката од 20.000 по.чинати од коpонавирус од почетокот на пандемијата, а болничкиот систем е пренатрупан до крајни граници, пишува Крстарица.

Министерот за здравство, Јан Блатни изјавил дека почи.нале 19.999 луѓе кои биле позитивни на тестирањето на ковид. Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во последните 24 часа пораснал за дополнителни 14.457 на повеќе од 1,2 милиони.

Министерот изјавил во парламентот дека дневните инфекции би можеле да растат над 18.000 во следната недела или наредните две и да остане на тоа ниво доколку не се воведат дополнителни рестрикции.

Малцинската влада на Андреј Бабиш веднаш прогласила нова вонредна состојба која стапува на сила во недела на триесет дена, што може без парламент, пренесуваат странските медиуми.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *