Оваа жена успеала да заштеди 10.000 евра на интересен начин, па ги повика и другите жени да го прават ова

Последните десет години не купила ниту едно ново парче гардероба.

Ана Килпатрик (47) е самохрана мајка на две деца која цели десет години не купила ниту едно парче нова облека.

Се што и било потребно набавувала во продавници од втора рака, или позајмувала од пријателки, токму така успеала да заштеди повеќе од 750.000 денари.

На својот Инстаграм профил споделува фотографии од дневни комбинации и совети како секојдневно да купувате паметно и да ја заштитите животната средина.

Она што е најинтересно кај оваа 47 годишна жена е што таа носи воглавно дизајнерска облека, а некои од парчињата кои ги купува се носени само еднаш или никогаш. Иако некогаш на нова облека трошела многу пари на облека, денес со гордост зборува за својата штедливост.

-Критиките на луѓето за тоа каде ја купувам облеката ги носам како орден – објаснила Ана.

-Страшно ми е што луѓето после неколку носења ја фрлаат облеката, аа вложиле толку енергија да заработат пари за истата – истакнала жената во една објава.

Ана вели дека погледот на модата го променила во 2008 година кога со своите два сина се преселила во Форест Роу, мало градче на југот на Англија, и искусила живот далеку од убрзан урбанизиран град.

Најдобар улов смета дека е блузата Isabel Marant чија првобитна цена била околу 20.000 денари, а ја платила само 500 денари.

Така пронашла комибензон Kenzo кој чинел 25.000 денари, а го купила за само 5.000 денари.

Преку Инстаграм сака да ги охрабри луѓето да започнат да живеат на овој начин.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *