Оваа земја прогласи крај на епидемијата со коpона: Што направија поинаку од Македонија?

“Довербата раѓа доверба” се покажало точно во нивниот случај. Но, стратегијата заснована на оверба не беше единствената причина поради која успешно го елиминираа ковид.

Фарските Острови прогласија крај на пандемијата со ковид на 26. февруари, бидејќи повеќе од три недели немале нови случаеви.

Од јули 2020 година, групата на острови на северниот Атлантик имала три бранови и секој пат бројот на случаеви брзо опаѓал.

Одговорот на данската автономна покраина на пандемијата бил многу лсичен на стратегијата на другите земји: тестирање, следење на контактите, изолирање, кампања за јавно зравје и реорганизација на здравствениот сектор.

Единствен пристап

Премиерот на Фарските Острови Бардур Стиг Нилсен објаснува за Гардијан дека верува дека нивниот пристап сепак е единствен во светот.

За разлика од другите влади, многу рано одлучија да влијаат на своите граѓани со давање на препораки, а не со издавање на задолжителни наредби.

Тоа “доверба раѓа доверба” се покажало како точно во нивниот случај. Фарската влада била уверена дека законското ограничување на однесувањето на граѓаните ќе резултира со полош исход отколку што е денес.

Но, стратегијата заснована на доверба не беше единствената причина поради која успешно го елиминираа ковид. Нивното управување со пандемијата во текот на пролетта и летото беше единствено поради ефикасноста на капацитетот за испитувања.

Фарските Острови имаа највисока стапка на тестирање по жител минатата година.

Секојдневно тестираа до 2 отсто (или 1.000 луѓе) од вкупната популација од 50.000, а во јуни ги тестираа сите патници кои доаѓаа на архипелагот веднаш на аеродромот, препорачувајќи да се тестираат шест дена подоцна.

Производството на одгледуван лосос е најважната индустрија на Фарските острови, а во минатото земјоделците имале големи проблеми поради болести на лососот, кои предизвикувале индустриски пад.

Ветеринарните клиники тогаш изгледаиле инфраструктура потребна за брзо тестирање на лосос.

Брзо прилагодување

Кога пандемијата започна, ветеринарите од Фарските острови предложиле нивните лаборатории да се прилагодат за новата ситуација за луѓето во нив да можат да се тестираат на ковид.

Постоеше соработка помеѓу приватните лаборатории и јавното здравство, па Фарските острови ги зголемија капацитетите за тестирање, а до август можеа да тестираат од 5 до 7 отсто од вкупниот број на жители.

Во комбинација со стратегијата за следење на контактите и изолација, успешно го сузбија ширењето на новиот вирус.

Поголемиот дел од луѓето на работа патуваат со сопствено превозно средство.

“Нашата приказна за елиминација на ковид е приказна за креативноста на поединци и организации кои порано не соработувале во пандемија. Секако, и други фактори играа улога. Географската положба на земјата е исто така важна бидејќи морскиот и воздушниот пат се единствени можни патишта до Фарските острови, што олеснуваат кога е во прашање управување со потенцијални инфекции од иностранство. Исто така, поголемиот дел од луѓето на работа патуваат со сопствено превозно средство, па мала е веројатноста дека би се заразиле во јавен превоз”, изјавил премиерот на Фарските острови.

Висок степен на доверба

Покрај тоа, жителите на Фарските острови се бројно помали од останатите земји, но нивото на доверба е високо.

Истражувањето кое минатиот мај го спровел Универзитетот на Фарските острови покажува дека поголемиот дел од граѓаните имаат голема доверба во владата, премиерот, тамошните медиуми, сопствената општина, шефот на полицијата, здравствените власти и експертите и воопшто своите луѓе, изјавил премиерот.

Довербата во политичките институции, медиумите и она помеѓу граѓаните го прави секој облик на управување, вклуувајќи ја и пандемијата, поедноставен.

Во помалите заедници често постои поголем неформален надзор, а жителите имаат силно чувство за самодисциплина. Но, само тестирањето не е доволно.

Многу земји со висока стапка на тестирање обично се оние земји со највидливи случаеви. Тестирањето е успешно само доколку се комбинира со мерките како ефикасен надзор на контактите и изолација.

Генерално, успехот на стратегијата во борбата против ковид зависи од географската положба и социјалните прилики на таа земја.

Запрашан дали успешноста на стратегијата против ковид е резултат на среќа или компетентност, премиерот Нилсен одговори: “Помалку и од едното и од другото”.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *