Оваа крвна група има најголем ризик од срцев удар

Здравјето на срцето е една од работите кои мора да ги одржувате бидејќи болестите на срцето се прва причина за см.рт на целиот свет. Според резултатите од истражувањето, вашата крвна група игра притоа голема улога.

Што доколку сте крвна група 0?

Истражувањето кое следело 400.000 луѓе открило дека лицата кои имаат крвна група А или Б имаат заедно 8 отсто поголеми шанси да доживеат инфаркт отколку лицата со крвна група 0. Слично истражување покажало дека лицата кои немаат крвна група 0 имаат 9 отсто поголеми шанси дека ќе имаат болести на кардиоваскуларниот систем или инфаркт.

Лицата со крвна група Б припаѓаат на загрозена група

Резултатите од истражувањето објавени оваа година велат дека лицата со крвна група Б имаат повисок ризик од лицата со крвна група А и О. Според пишувањата на истражувањето, крвната група Б има 15 отсто поголеми шанси дека ќе доживее срцев инфаркт од лицата со крвна група 0.

Кога зборуваме за инфаркт, лицата кои имаат крвна група А, сепак се најзагрозена група со дополнителни 11 отсто шанси за развој на инфаркт. Според пишувањата на стручните портали, застојот на срцето и инфарктот се облици на болест на срцето, но застојот обично се јавува постепено, додека инфарктот настапува веднаш. Инфарктот е исто така последица на застој на срцето.

Според пишувањето на Европското здружение за кардиологија, зголемените шанси за развој на овие состојби кај сите крвни групи освен 0 може да биде поради тоа што се подложни за развој на крвни згрутчувања. Научниците откриле дека можеби работата е во тоа што тие крвни групи се носители на протеини кои се поврзани со создавања на крвни згрутчувања. Тоа го потврдило и едно истражување од оваа година кое вели дека лицата со крвна група А и Б имаат 44 отсто поголеми шанси дека ќе доживеат тромбоза.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *