Оваа навика предизвикува големо опаѓање на косата, неколку совети како да се заштитите

Секоја жена обожава здрава и прекрасна коса, што можеме да ја промениме и направиме подобра.

Меѓутоа, дури и погрешно користење на четката за коса може да предизвикува опаѓање на влакната.

Имено, истражувањето кое опфатило 2000 жени покажало дека 4 од 10 жени знаат дека нивниот начин на чешлање не е добар, но само една од нив се грижи за тоа. Исто така, една од 20 жени се уште верува дека косата мора добро да се исчешла пред спиење.

Петина од жените сметаат дека грубото чешлање не е ништо лошо, а исто толку жени ги делат своите четки со други лица.
Шауна Пулфреј, експерт од областа за нега на косата, објаснува колку правилното чешлање на коса е всушност важно.

-Загрижувачки е колку жени погрешно ја користат четката и на тој начин ја оштетуваат својата коса. Без оглед на текстурата на косата, важно е да користите чешел кој не ги корне влакната, но ја расплеткува косата – вели Шауна.

Исто така, нагласува дека е важно за секоја потреба кај косата да се користи друг чешел, што поголемиот дел од жените не го знае, и користат само еден за сите.

Иако пресилното расчешлување изгледа како најдобар начин за расплеткување на косата, секогаш е подобро да користите нежен чешел.

-Користењето на исправен чешел или четка за коса, помага кај намалувањето на оштетувањето на косата и механичката траума. Таа е предизвикана од надворешни фактори, како раменење на косата, виткање и фарбање – додава таа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *