Оваа пандемија не е најлоша, Бил Гејтс открива дека не чека нешто многу полошо, и тоа за многу брзо

Милијардерот Бил Гејтс е една од водечките фигури во борбата против коpонавирусот.

Сепак, тој потсетува, уште од раната фаза на коpона кризата, дека би требало да се фокусираме на уште една “пандемија”, која би можела да предизвика многу поголеми последици за разлика од ковид-19, а тоа се, според неговите зборови, климатските промени.

Сега замина чекор понатаму и во неодамнешната објава на својот блог наведува дека е време за создавање на национални институти за иновации. Основачот на Мајкрософт со години наназад предупредува на ефектите на стаклена градина и нагласува дека мораме да се промени начинот на кој произведуваме и складираме чиста електрична енергија, или на која одгледуваме храна, се движиме или грееме.

За тоа се потребни три фактори:иновативност, финансии и фокус на владите ширум светот. Едно конкретно решение кое милијардерот го предлага е зголемување на јавното финансирање за истражување на чиста енергија.

Гејтс како пример наведува што се се случува во САД. Објаснува дека сојузната влада на неговата земја годишно троши околу 7 милијарди долари на истражување на чиста енергија, во споредба со повеќе од 35 милијарди долари годишно кои ги дава за медицински истражувања.

-Ставањето на енергија во рамноправна положба со здравјето би било клучно, прв чекор кој би создал повеќе од 370.000 работни места и, истовремено, би ја промовирал агендата за чиста енергија – смета Гејтс.

Покрај зголемувањето на јавното финансирање, тој предлага јавното истражување за обновливи извори на енергија да се централизираат во една институција. Овде повторно го зема за пример САД, бидејќи во таа земја со истражувањата на чисти горива управуваат канцеларии во одделенијата за енергетика, транспорт и одбрана, па дури и НАСА.

Слично на тоа, одговорноста за истражувањата за складирање на енергија е распоредена во најмалку четири канцеларии на Одделението за енергетика. Ова е најважната работа која САД можат да ја направат доколку сакаат да го водат светот кон иновации кои ќе ги решат климатските промени, наведува Бил Гејтс.

Исто така, во своето обраќање го споменува и Националниот институт за здравје од САД кој, како што вели, од 1980. година помогнал во откривањето на повеќе од 150 нови лекови, вакцини и нови употреби на стари медикаменти. Работата на неговите фондации, наведува, едноставно не би било можна без напредокот на оваа институција.

Гејтс објаснува дека причината за успехот на Националниот институт за здравје е тоа што оваа институција има јасна и специфична мисија, неполитички лидери и може да смета на силна поддршка од јавноста и законодавните власти.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *