Оваа храна и пијалоци никако не смеете да ги јадете и пиете доколку земате антибиотици

Ќе се појават несакани ефекти, затоа, внимавајте.

Познато е дека бактериите можат да станат отпорни на антибиотици, а тоа се случува доколку ги земате тогаш кога не ви се потребни, доколку дозата ви е превисока или доколку терапијата ви е премногу долга. Покрај тоа, интеракцијата на антибиотици и некои видови на храна може да има непосакувани ефекти.

Алкохол никако не треба да се пие со било какви лекови, бидејќи интеракцијата може да биде опасна, предупредува доктор Томас Лошер, специјалист за заразни и тропски болести и член на Германското интернистички здружение.

Алкохолот може да го зголеми или намали дејството на лековите, а лековите можат да го зајакнат дејството на алкохол. Антибиотиците не се исклучок.

Во комбинација со алкохол, антибиотик метронизадол, кој е пропишан за воспаленија, предизвикува главоболка, мачнина и повраќање, изјавил тој.

Млекото и другите млечни производи го пореметуваат метаболизмот на лековите, воглавно поради присуството на калциум.
Калциумот ги уништува ефектите на многу лекови, посебно антибиотици – тврди Урсула Селлерберг, портпаролка на Германската фармацевтска комора.

Некои антибактериски агенси се поврзуваат со калциумот во цревата и создаваат сложени молекули кои се толку стабилни да не можат да поминат низ цревниот ѕид во крвотокот, објаснила таа.

Резултат е што лековите не метаболираат и нивната активна состојка се излачува без никаков ефект. Најчесто, кога се земаат тетрациклини и флуорокинолони.

Селлерберг затоа советува млечните производи да се избегнуваат два часа пред и после земањето на антибиотици. Минералната вода, без оглед дали е газирана или не, содржи премногу минерали како калциум железо и магнезиум.

Како и во случајот на млекото, калциумот и минералите можат да се врзат со активните состојки на антибиотиците и да ги претворат во неефикасни.

Поради тоа треба да се избегнува минерална вода два часа пред и после антибиотикот. “Секогаш посигурна опција е да се пие лек со чаша вода од чешма”, изјавил Селлерберг.

Пред земање на антибиотици, треба да се избегнуваат и овошни сокови. Тие содржат одредени инхибитори ензими кои можат да го пореметат метаболизмот на некои лекови во цревата и црниот дроб – објаснува експертот.

Ефектот на стимулативни напитоци како кафе, црн и зелен чај, кока кола или енергетски напитоци може да се појача со употреба на антиботици, што би можело да резултира со забрзан пулс и отежнато спиење.

И на крај, кое е најдобро време за употреба на антиботици, пред, во текот или после оброкот?

Не постои општо правило, вели Селлерберг. Некои, како ампицилинот, треба да се земат еден час пред оброкот, а други, како цефуроксимот, после обилен оброк.

Најдобриот одговор на прашањето кога да се користи пропишаниот антибиотик можат да го дадат лекари или фармацевти, заклучува таа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *