Ова била последната желба на големиот Марадона: Ако умрам, сакам само едно нешто

Сите ќе го паметат легендарниот фудбалер, некои по спортските работи, некои по приватните случувања на најдобриот фудбалер, но сепак, оваа негова изјава дури сега добива тежина.

Многу работи се кријат позади името на Диего Армандо Марадона, од уметник на теренот, до вистински палавко во приватниот живот, едноставно речено, спектакуларна комбинација од магија и успони и падови.

Аргентинецот не напушти во својата 61 година од својот живот, а позади себе остава бројни легендарни изјави, голови и настани.

Сепак, изјавата која засекогаш ќе остане азпамтена дури сега има вистинска тежина, а таа се случила во 1992. година.

“Ако умрам, би сакал повторно да се родам како фудбалер. И повторно би сакал да бидам Армандо Марадона. Јас сум играч кој им овозможи на луѓето толку многу радост, тоа мене ми е доволно, бидејќи јас имам доволно”, изјавил Марадона во 1992. година за аргентинските медиуми.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *