Ова биле последните зборови на Диего Марадона: Ги слушнал неговиот внук, едвај ги изговорил

Малку по малку, во јавноста излегуваат детали поврзани со неговото заминување од овој свет.

Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Диего Марадона во среда попладне по наше време ја изгуби животната битка и почина во 61 година од својот живот.

Малку по малку, во јавност излегуваат детали поврзани со неговото заминување. Така, во аргентинските медиуми се појави информаци дека светот за неговото заминување дознал два часа после семејството. Исто така се наведува дека Марадона во средата утрото појадувал, но и дека изгледал бледо и дека се жалел дека му е ладно.

“Мака ми е и се чувствувам болно”, изјавил наводно Марадона пред својот внук во средата, после што се вратил во кревет. Кога околу пладне по аргентинско време медицинската сестра влегла во неговата соба, тој не давал знаци на живот. Следела брза реанимација, но немало спас.

Иако првите информации зборуваа дека легендарниот Марадона починал од срцев удар, обдукцијата покажала дека главаната причина била акутен едем на белите дробови.

Околу милион аргентинеци во четвртокот и петокот учествуваа во јавното испраќање во Буенос Ајрес, известија во средата аргентинските весници.

Еден од најдобрите играчи на сите времиња, почина во средата на 61. годишна возрст во домот во предградие на Буенос Ајрес опоравувајќи се од операција на главата. Последното испраќање беше организирано во Розевата куќа, владина зграда во срцето на главниот зград.

“Иако не се сигурни во бројката, владата проценува дека фудбалската ѕвезда би можело да ја испратат повеќе од милион луѓе во текот на 48 часа”, пишуваат аргентинските медиуми.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *