Ова го нема во ниеден учебник по историја : интересни факти за основачите на Америка

Татковците-основачи на Соединетите Американски Држави ги поразиле Британците, ја создале Декларацијата за независност и основале држава која денес е една од најмоќните во светот.

За нивните достигнувања, американските деца учат уште од најрана возраст, но постојат неколку факти кои се изоставени од тие лекции.

„Татковци-основачи на САД“ е израз кој се користи за северноамериканските политичари и државници кои како водечки фигури носеле клучни одлуки кои резултирале со независност на 13-те колонии од Британската империја и нивната трансформација во федерација денес позната под името Соединетите Американски Држави.

Тоа се Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Бенџамин Френклин, Џон Адамс, Александар Хамилтон, Џон Џеј и Џејмс Медисон.

Изразот „татковци-основачи“ го „сковал“ Ворен Хардинг во 1916 година, тогашен републикански сенатор од Охајо и иден претседател на САД.

Ова се само дел од фактите од нивните животи кои не се споменуваат во историските написи и учебници:

– Џон Адамс поседувал куче кое се викало Сатана и кое живеело со него во Белата куќа.

– Бенџамин Френклин е заслужен за пристигнувањето на тофуто во Америка. Тој го пробал во Лондон и го понел рецептот со себе преку океанот.

– Томас Џеферсон за првпат пробал макарони со сирење во Франција. Јадењето толку му се допаднало што често го служел во Белата куќа.

– И покрај популарното верување, протезата која ја користел Џорџ Вашингтон не била направена од дрвени заби туку од делови од животински заби, но најмногу од заби на робови кои ги купувал од својот заболекар.

– Кога имал 16 години, Бенџамин Френклин објавувал написи под името г-ѓа Сајленс Дугуд, средовечна вдовица која ја измислил.

– Џон Хенкок се потпишал со огромни букви на Декларацијата за независност на САД од инает кон Британците кои распишале потерница по него и ја уцениле неговата глава.

– Александар Хамилтон е основач на „New York Post“ кој прво се нарекувал „New York Evening Post“.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *