Ова е вистината за тоа како Саша и Дејан Матиќ го изгубиле видот: За се е виновна една грешка

Тие се родени со извонреден вид.

Пеачите Саша и Дејан Матиќ се многу популарни, а речиси секоја нивна песна станува вистински хит.

На сите им е добро познато дека тие двајца се близнаци, како и тоа дека се слепи. Меѓутоа, многумина не знаат дека тие, всушност се родени со извонреден вид.

Имено, браќата Матиќ се родени во 1978. година во Бихаќ и тоа во шестиот месец. Поради тоа некое време морале да поминат во инкубатори, а бидејќи породилиштето во Бихаќ не било доволно опремено, преместени биле во Загреб.

Сепак после само неколку дена дошло до компликации и двете момчиња ослепеле. Не е познато што точно се случило, но се спомнувале дека во прашање била грешка на медицинската сестра, која довела до трајно слепило.

Како што и самиот Дејан рекол за Српски Телеграф, нечија грешка била, но никогаш не се распрашувал за тоа чија.

“Тоа е невнимание. Сега, кога, не влегував во детали и не се распрашував чија е. Дали е лекар, дали медицинска сестра, не влегував во тоа. Беше раѓање пред време. А, дека имало невнимание, имало”, раскажал тој.

Иако судбината им го одземала видот, им подарила неверојатен талент за музика, но и ведар дух. Тие двајца се многу успешни во својата работа, а денес имаат и свои семејства со кои уживаат во љубовта и вниманието.

Се зборувало за тоа дека Саша има можност да го поврати видот, но поради Дејан не сака да се оперира. Меѓутоа, тој го демантираше тоа.

“Нема врска таа приказна. Тие сакаа нам да ни прават некакви експерименти. Тоа не го дозволија родителите, а нема ниту ние. Јас не сакам што со години се збрува на таа тема. Двете најлоши теми, оние кои најмалку ги сакам: дали сум во расправија со брат ми и што се случило со мојот вид. Моите пријатели и луѓе кои се со мене во постојан контакт знаат како јас живеа и знаат дека овој живот го сакам најмногу на свет. Дали јас сум се лечел и кај кој сум се лечел, тоа е моја приватна работа. Има една приказна кога еден мој пријател повика такси, а тие го прашаа: “Во кој правец одите?”, а тој рече: “Кој го интересира тоа освен мене?”, изјавил Саша за Телеграф.

Никогаш не сметале дека поради својот недостаток треба да имаат посебен третман, ниту се доживувале себе си поинакви од другите. Низ животот чекорат со подигнати глави и еден на друг отсекогаш си биле најголема поддршка.

Дека немаат комплекси и дека себе си не се сметаат за никакви жртви, доволно зборува и тоа што често се шегуваат на сопствена сметка.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *