Ова е заедничко богатство на четири држави од поранешна Југославија

Во подножјето на планината Тара, на територија на општина Бајина Башта се наоѓаат најмногу пронајдени стеќци. Сместени на две локации во Перуч и Расишта, а го носат истото име – Мраморје, а заедно со наоѓалиштето во Пријеполе и стеќцитето во Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора се впишани на листата на УНЕСКО за светско културно богатство, како заедничко богатство на овие четири држави.

“Настанале од XII до XVI век, а стеќците се разликуваат по тоа што се исправени или легнати. Мраморје или Багруша е средновековна некропола со стеќци. Се вбројува помеѓу најголемите и најзачуваните средновековни некрополи. Некогаш, овде постоеле 200 стеќци, од кои половина се зачувани. Тие се различни во димензии и во целина се фино обработени, а само на еден може да се забележи поголем цветен орнамент”, изјавил за Рина Ранко Милановиќ од НП Тара.

Стеќците понекогаш можат да се пронајдат со вдлабени сликовити украси или натписи, и често се сместени во групи, во семејни, племенски и селски, или покрај црквите. Овие средновековни споменици најчесто се украсени со рози, крстови, штитови, мечови, лак и стрели, човечки и животински фигури, сцени на кои се ловат елени, сцени на турнир, геометриски органменти. Од вкупно 363 стеќци со натписи, преку 350 стеќци се со кирилично писмо.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *