Ова е Нада, жената која Џеј ја сакаше до последниот ден (ФОТО)

Нада никогаш јавно не се експонирала и остана непозната за пошироката јавност.

Вчера балканската јавноста ја изненади и растажи веста дека на 56. годишна возраст починал Џеј Рамадановски, а ова е жената која беше со него до крај.

Пејачот на народна музика Џеј Рамадановски важеше за еден од најголемите боеми на јавната сцена. Покрај своите песни, Џеј често зборуваше за својата поранешна сопруга Нада со која има две ќерки – Ана и Марија.

За тоа дека била љубов на неговиот живот, докажува и тетоважата на нејзиното име на неговата рака, а често во медиумите истакнувал дека е многу благодарен што го трпела во најлошите животни изданија.

Нада никогаш јавно не се експонирала, а на сите им е јасно на основа на љубовните песни на фолкеорт, каква љубов било тоа.

Колку ја сакаше Нада, иако беа разведени, зборува и тоа што во своето последно интервју, најмногу зборуваше токму за неа.

-Колку и да скитав, секогаш доаѓав дома, се трудев да бидам совршен маж, но мислам дека ден-денес сум подобар поранешен маж отколку што бев во брак – изјави Џеј во емисијата Балканска улица.

Да се потсетиме, на Џеј му се слошило во неговиот стан на Дорчула, каде што бил во строга изолација поради коpонавирусот, па екипа на Итната помош набрзо стигнала на лице место и започнала реанимација, меѓутоа, паралелно на напорите на лекарите, тој починал.

Иначе, Џеј пред три години ги оперирал срцевите залиски во Виена и тогаш докторите му рекле дека мора строго да води сметка за исхраната и здравиот живот.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *