Ова е најбезбедното стадо овци на Балканот, наместо овчарски кучиња, ги чува вистински змеј

Кога една штала во едно село во Србија доби свој заштитник во вид на змеј, цело маало доаѓало да го види.

Стадото овци на Горан Благојевиќ во селото Руда Буква е најбезбедно во цела Србија, бидејќи неговите овци не ги чува ни помалку ни повеќе, туку змеј. Имено, пред неколку години старата штала во која престојувале овците била речиси подготвена за рушење, а потоа домаќинот се сетил на една интересна идеја. Со својот пријател и дал нови изглед на шталата стара преку половина век.

“Мојот син и неговиот пријател одеднаш одлучија да не ја рушат шталата, туку со некои бои да нацртаат нешто, се со цел на тој начин да го оживеат овој стар објект кој не изгледал репрезентативно. Во почетокот ниту самите не знаеле што ќе направат, а потоа одлуката паднала, па нацртале змеј”, вели за Рина, мајката на Горан, Слободанка Благојевиќ.

Сепак, одлуката да на ѕидот на шталата нацртаат еден змеј не дошла случајно, бидејќи како што велат мештаните на ова село, отсекогаш се верувало дека некои виши сили ја чуваат стоката од несреќа и временски непогоди, па со намера да го заштитат своето стадо овци, семејството Благојевиќ се одлучиле да нацртаат една необична илустрација. А, она што е најважно е дека целта е остварена.

“Дали тоа има некаква врска, јас не знам, но откако змејот е нацртан на шталата, ниту една овца не се разболела, не сме имале проблеми со волци и останати животни, ниту пак со удар на гром. Порано се случувало волкот да ни удави неколку овци годишно или некако да настрадаат. Сега ситуацијата е мирна и постојано го шириме стадото”, раскажува Слободанка.

Многумина од селото мислеле дека првиот дожд ќе го избрише уметничкото дело во оваа штала, но змејот сепак со години стој на истото место.

Меѓутоа, иако сите дошле да го видат шарениот змеј кој ги чува овците, никој од мештаните на ова село не се одлучил на истиот потег, така што шталата на Благојевиќ и понатаму останува единствена.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *