Ова е најдобриот начин да направите разолница, сите домаќини треба да го знаат златното правило

Корисен совет за секоја домаќинка.

Зелката најпрво треба да се исчисти и делумно да се извади кочанот. Во вдлабнатината на местото на кочанот, треба да ставите сол.

Главиците зелка треба да се наредат во буре, и да се затворат и остават да преноќат.

Утредента треба да се прелие и добро да се затвори. После 12-14 дена зелката е подготвена за употреба.

Течност за поливање на зелката или расолница:

300 грама сол на 10 литри вода, повторувајте го процесот додека не го наполните бурето.

Киселата зелка или (расол) е карактеристична за овој период од годината, и е помеѓу омилените зимници на македонците, имајќи во предвид дека можат да се приготвуваат неколку традиционални македонски јадења, од кои најпопуларна и најомилена е секако сармата.

Киселата зелка и расолницата, се одлични за вашето здравје, се користи за лекување глисти посебно кај децата, но е вистински благодет и за оние кои имаат проблеми со нередовната столица.

Киселата зелка и расолницата изобилуваат со витамини како А, Ц, фолна киселина, Б12, фосфор и калциум. Исто така, киселата зелка делува благотворно за намалувањето на високиот крвен притисок и артеросклерозата.

Исто така, киселата зелка делува освежувачки, го подобрува расположението, работата на метаболизмот и го штити организмот на разни начини. Киселата го спречува падот на имунитетот и делува ефективно против стресот. Ја потикнува клеточната размена во мозокот и нервите, и влијае позитивно на нивото на железо во крвта и го поттикнува создавањето на црвени крвни зрнца. Делува ефикасно во изградбата на коските, го намалува нивото на холестерол во крвта и влијае поволно против неколку болести.

Киселата зелка е ферментирана храна која помага во лекување на болести предизвикани од дисбаланс на цревната флора, а посебно после терапија со антибиотици или хемотерапија, има благотворно влијае на желудникот и цревата, ја прочистува крвта и го успорува стареењето.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *