Ова е најздравиот појадок на светот, го зајакнува имунитетот и ви помага во губењето килограми

Овој појадок ќе биде готов за само 5 минути, а е неверојатно здрав.

Секоја од можните состојки во овој појадок има низа здравствени придобивки, а заедно се супер енергетски појадок идеален за почеток на денот. Овој рецепт за појадок е едноставен за подготвување, така што ниту оние најмрзливите, нема да одбијат негова подготовка.

Пробајте да го јадете овој појадок секое утро во текот на месец дена и следете ги вашите промени на подобро.

Состојки: 1 јогурт, 1 лажица јаболков пектин (рецепт во продолжение), 1 лажица мед, 40-50 грама сецкани ореви, половина лажица цимет, 30 капки прополис, 3 лажици зобена каша и суво овошје по избор. Времето на подготовка изнесува 5 минути.

Што е пектин и како се прави?

Пектин е тип на влакна кои ги наоаме во растенијата, јаболките содржат посебно висок удел на пектин. Јаболковиот пектин, поволно влијае на разградување на масните ткива. Тој е неверојатен впивач на масти кои ја намалува апсорпцијата на холестерол од храната и ја подобрува работата на дебелото црево.

Рецепт за домашен пектин

Потребни ви се 1 килограм органски јаболка и 2,5 децилитри вода. Јаболката измијте ги, отстранете ги дршките и плодовите исечете ги на помалки парчиња. Ставете 2,5 децилитри вода во лонецот и ставете го огинот на најсилно бидејќи пектинот мора во најкратко време да постигне висока температура, иначе ќе се распадне. Јаболката и водата брзо сварете ја во лонецот. Варете на умерен оган 30 минути. Потоа, мешајќи продолжете да варите додека масата не се згусне на половина. Со лажица исцедете ја цедилката и веднаш смесата пектин ставете ја во стерилизирана тегла.

Како да го подготвите овој појадок?

Ноќта пред, измешајте го јогуртот и јаболковиот пектин и оставете го во фрижидер да се поврзе со пектинот. Можете ова да го направите и наутро, но потоа ќе морате да почекате пектинот да се раствори. Наутро додадете ги останатите состојки и помешајте.

Нека отстои малку да се поврзат состојки, јогуртот да дојде на собна температура и да се растури кашата.

Зошто овој појадок е најдобар?

Го зајакнува имунитетот. Тој е превенција за многу инфекции. Делува антивоспалително. Ја подобрува циркулација. Му дава поубав изглед на кожата и коските. Го штити здравјето на забите. Помага во слабеење.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *