Ова е најздравиот ручек на светот: Една состојка во него е посебно лековита

Овој ручек е вистинска ризница за здравје.

Главвната состојка на овој оброк е леблебијата. Леблебиите содржат 23% белковина, 53% јаглени хидрати, 4-5% растително масло, 3-5% целулоза и 3% минерални материи.

Леблебијата е со сигурност еден од најдобрите извори на протеини, влакна, Б6 витамини, железо и магнезиум.

Овој оброк исто така помага при слабеење. Што ви е потребно за да го направите најдобриот и најздравиот ручек на светот?

За две лица ќе ви бидат потребни 1 шолче варена леблебија, 1 тиквичка, 1 помала главица кромид, 2-3 лажици маслиново масло, 2 моркови, 1 шолче варен пченкарен шеќерец, 1 црвена пиперка, 3 лажици мелен сусам (тахини), сок од половина лимон, 1 чешле бел лук, сол и бибер по вкус, половина лажица алева пиперка, печени семки по желба, свежи листови магдонос и маслинки (по избор).

Подготовка:

На маслиново масло динстајте го исецканиот лук неколку минути, па додадете ги морковите и тиквичките исечени на парчиња.

Динстајте уште 10 минути, додадете мелена пиперка па ставете малку вода и поклопете. Варете со мешање додека водата не испари и зеленчук не стане прилично мек.

Пред крајот додадете ја варената леблебија, сол и зачини по желба. Мелениот сусам измешајте го со сок од лимон и ситно сецкан бел лук па додадете сол и бибер по вкус.

Во длабока или плитка чинија аранжирајте ја леблебијата со зеленчук, сецкан свеж домат и црвена пиперка, варената пченка и преливот од мелен сусам. Опцино можете да додадете зелени или црни маслинки. Посипете го со печени семки и свежи листови магдонос.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *