Ова е најлесниот начин да го успиете вашето бебе

Дали сте ги испробале најлесните начини за успивање на бебе?

Колку и да го обожавате своето бебе, нејзиното заспивање некогаш знае да ве направи помалку стреси и нервозни.

Родителите одлично знаат дека тоа и не е најлесната работа на светот, без разлика колку слатко изгледа.

За среќа, постојат начини тој процес да се олесни, а на вам ви останува да ги испробате разните техники. Ние ви претставуваме четири, за кои се заклучило дека се прилично ефикасни.

Посматрајте се околу себе

Поттикнете го бебето да се фокусира на една работа. Бебињата се природно многу љубопитни и обожаваат да посматраат се околу себе, за да се запознаат со околината. Доколку успеете да го фокусирате погледот на бебето на некоја конкретна работа, посебно ако таа е право од погледот на бебето, многу брзо ќе заспие и ќе ги затвори очињата.

Смирете го бебето со лесни движења на раката преку лицето

Ова е добар трик доколку бебето е веќе поспано. Полека помрднувајте ја раката над лицето над бебето, без допир. Правете кругови, немојте да одите напред назад. Успорувајте лесно, а после неколку движења бебето веќе ќе започне да се смирува.

Доброто старо лулање

Успорување и лесно темпо – Се што сте одлучиле да го направите за да го смирите детето била лулање, мазење или цупкање, но клучот е во тоа полека да ги успорувате сите движења за бебето полесно да се смири.

Лесно лулајте

Доброто старо лулање. Пробајте овој пат нешто малку поинаку – додека го држите бебето во рацете, едната рака ставете ја на бебешкото гасе и лесно лулајте. Ова ќе му годи, па доста лесно ќе потоне во сон.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *