Ова е рецептот за совршена љубов

Долго бараниот рецепт за совршена љубов конечно е откриен. Па момци и девојки, доколку сакате да го приготвите специјалитетот на правилен начин, следете ги овие инструкции.

За подготовката ќе ви биде потребно физичко привлекување, а не интерес, доза на љубомора, безусловна искреност и чисто срце кое знае да сака. Состојките измешајте ги заедно во срцето на партнерот и оставете да се пече на 220 степени љубов. Пазете да не го изгорите во печењето и повремено проверувајте го специјалитетот бидејќи ако еднаш го изгорите, ќе треба повторно да го приготвувате, но во друго срце бидејќи претходното ќе се уништи.

Откако ќе забележите дека почнува да добива убава црвена боја која асоцира на љубов и мирис на заедничка иднина, извадете го и ставете го во ладилник, за да биде повкусно при сервирањето. Во меѓувреме подгответе го филот со следните состојки, а тоа се трпение, разбирање, поддршка и разгорување на страстите. Не додавајте никако изневерување бидејќи освен што ќе ја преовлади аромата на љубовта, ќе му даде лут вкус на специјалитетот поради кој нема да сакате да го пробате повторно, ниту вие, ниту вашиот партнер.

Извадете ја љубовта од ладилникот и започнете да го нанесувате филот. Ќе добиете убав прекрасен специјалитет од кој никогаш нема да се заситите, колку и да го консумирате. Зачинете со повеќе секс и внимание, а може и некој ситен подарок за вашиот партнер кој не се купува со пари. Сервирајте го пред да се растопи и уживајте во неговиот вкус со чаша вино и миризлива када, заедно со вашиот партнер. На здравје љубов!

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *