Ова растение е магнет за ПАРИ, ќе посакате да го имате во вашиот дом

Ова растение е пилеа пепероромиодиес, или поедноставно, кинески долари, или кинеското дрво на парите. Тие велат дека привлекуваат среќа и пари како магнет.

Ја нарекуваат и најпознатото растение на Инстаграм бидејќи ќе ја видите на фотографии кај познати инфлуенсери и блогери.

Според источните верувања, зелените билки, оние кои што се бујни и здрави, носат добро расположение и ја елиминираат негативната енергија, а за кинескиот долар се верува дека привлекува пари како магнет. Во некои азиски земји, како највреден поклон се пренесува од генерација во генерација.

Кинеското дрво на парите, или кинескиот долар, не може да се најде така лесно, а цената на ова растение изнесува 350 денари или повеќе. Лесно се негува, многу споро расте, не го напаѓаат штеточини и болести. На ова растение му е потребна доста светлина, никако директна, а по убаво време може да се чува на тераса, но не на силно Сонце. Во зима мора да биде во затворен простор бидејќи не и одговараат температури под 10 степени. Обично расте до 30 сантиметри.

Експертите велат дека кинескиот долар со години била загатка за европските ботаничари. Пристигнала во Европа во 1906 година, а ботаничарите ја донеле од Кина, од повеќе од 4.000 метри надморска височина. Во Европа и Америка се одгледува исклучиво како собно растение.

Кај нас не може да се најде баш лесно, но дури иако имате среќа, цената во зависност од количината и големината, може да изнесува од неколку стотина, до неколку илјади денари по корен.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *