Ова се идеални години за брак

За вашиот брак да биде успешен и долготраен, би требало да го склопите во одредени години.

Поголемиот дел од паровите одлучуваат да на својот брак му дадат шанса во првите пет години од заедничкиот живот, пред да одлучат дека едноставно не оди и дека треба да се разведат.

Истражувањата утврдиле дека лицата на возраст од 28 до 32 години поретко се разведуваат во првите години од бракот. Овие години се сметаат идеални за стапнување во брачна заедница и даваат поголеми шанси дека бракот ќе биде успешен.

Поранешните истражувања покажале дека што подоцна стапите во брак, толку се помали шансите дека ќе се разведете.

Новите податоци покажуваат дека голема е шансата за развод кај оние кои се венчаат како тинејџери или во раните дваесети години, како и кај оние постарите кои се одлучуваат на овој чекор околу 45тата година.

Кај постарата популација со секоја година преку 45 години, шансите за равод се зголемуваат за 5 проценти.

Како причина за зголемената стапка на развод кај луѓе преку 30 години, се наведуваат предиспозициите кај овие луѓе кои ги имаат, бидејќи да се добри за брак, веќе пред да наполнат 30 би стапиле во него.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *