Ова се луѓето кои се најтешко погодени од коpонавирусот, нивниот живот целосно се промени

Психолозите истакнуваат кој го погодува најмногу новонастаната пандемија.

Пандемијата најмногу ги погодува децата, односно младите деца, бидејќи светот го доживуваат многу длабоко, без оглед на тоа што не мора да зборуваат, бидејќи се промени начинот на живот, а за тоа не се подготвени, ги оценув психолошките реакции на сите оние која коpоната им влегла во животот, вели психијатар Тиа Деспотовиќ.

Со пандемијата и промените кои влегоа во сите сфери од животот, погодени се сите, но истакнува дека оваа група е специфична, бидејќи децата како што вели, најлесно се прилагодуваат во новонастаната ситуација – гледаат од родителите, учителите, а младите бидејќи не можат да увидат дека начинот на живот кој се води сега е многу важен.

За нив е најважно да бидат со своето друштво, па дошло и до појави на меѓугенерациски расправии кои се решаваат на овој или нов начин.

-Се се искомплицира и меѓучовечките односи се доста нарушени – наведува таа и објаснува дека стравот е основна реакција која се развила во пандемијата и дека сега е присутен во поголема мерка отколку на почетокот на пандемијата, бидејќи како што вели, луѓето сега се далеку позапознаени со болеста и нејизните последици.

Таа го насочува и вниманието кон бурните реакции на луѓето околу целата ситуација – покажуваат лутина, кавги, агресивно, што најмногу е поврзано со чувството на страв и вина кое не е лесно да се препознае кај себе, а камоли да се изрази на начин кој е прифатлив, а не обвинувачки.

-треба да мислиме и да се грижиме за пандемијата, тоа е природно, но грижата не секогаш е корисна, како што се грижиме и за сите други аспекти од животот. Важно е да се разбери дека стравот не мора да биде толку штетен, но доколку не сме во контакт со него тој може целосно да не преплави и да го насочи нашето однесување, вели таа.

Како што вели, постојат екстреми кои целиот надворешен свет го доживеале како една голема опасност и не излегуваат од своите домови, што им го отежнува животот и што не е добро ниту за нив ниту за околината, додека постојат и тие кои немаат идеја дека треба да се чуваат и да се води грижа.

-Човек може да се прилагоди на новата ситуација, но само доколку мисли за неа и ги наоѓа вистински решенија за себе и луѓето околу себе – истакнува Деспотовиќ, оценувајќи дека вистинските решенија не се совршени и истакнува дека е важно човекот да има способност да биде во контакт самиот со себе, односно да го препознае стравот, тагата и да може да најде начин да се избори со тоа, да не бега од тоа.

-Лековито е и важи за сите генерации – додава таа.

Како што вели, во пракса увидува дека кај оние луѓе кои имаат изразен степен од страв, постои засилени анксиозност и депресивност, додека има луѓе кои ги мачат и други проблеми поради кои се обраќаат на психијатри.

Деспотовиќ истакнува дека во целост не можеме да се заштитиме ниту себе ниту другите, но дека постои начин на кој можеме да се однесуваме, а кој ќе ни помогне, а тоа е да се заштитиме од болеста – со носење маски, намаување на бројот на контактите и слично.

-Важна е идејата да покажеме способност дека можеме и сакаме да размислуваме едни з други, како што другите мислат за нас – заклучува таа, пишува српски Телеграф.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *