Ова се намирници со најмалку калории, можете да ги јадете кога и да посакате

Често копнееме по крцкави и пржени јадења кои секогаш предизвикуваат вишок килограми на струкот, покачен холестерол и висок крвен притисок, а пролетта е вистинско време да се освестиме што внесуваме во организмот.

Понекогаш ќе избегнуваме намирници кои ги опишуваме како “здрави” бидејќи ни изгледа дека не може да биде вкусна и дека нема да го задоволиме она копнеење по нешто слатко. Но, со овошје и зеленчук, сигурно и здраво ќе се храните, а ќе ги внесете речиси сите неопходни минерали и влакна, а со тоа ќе уживате во богатиот вкус на следниве намирници.

Јаболка

Јаболките се богати со витамин Ц. Тие се исто така добар извор на влакна кои можат да помогнат и придонесат за подобра функционирање на цревата и нивното здравје. Едно мало јаболко содржи само 86 калории, а вие и вашето здравје, дефинитивно ќе го обожавате.

Папаја

Папајата е одличен извор на витамин Ц. 100 грама од ова овошје обезбедува речиси 70 отсто од препорачаната дневна потреба за витамин Ц, а содржи само 43 калории.

Грејпфрут

Грејпфрутот е многу популарно овошје. Парче грејп содржи само 10 калории, а е неверојатно богат извор на витамин Ц.

Јагоди

Јагодите се добар извор на витамин Ц и манган, како и влакна и антиоксиданси. Една јагода содржи само 6 калории.

Малини

Малините се богати со витамин Ц, манган и витамин К, исто така, тие се одличен извор на влакна. Шолче малини (150 грама) има 78 калории.

Кајсии

Една кајсија (околу 35 грама) содржи само 16 калории, а во себе има многу хранливи состојки. Содржи витамини Ц, Е и К, како и витамини од групата Б.

Цреши

Црешите се богати со витамини и минерали, вклучувајќи го и витаминот Ц, калиумот и влакната. Едно шолче цреши (150 грама) има само 95 калории.

Лубеница

Богата со витамини А и Ц и добар извор на витамин Б6, 10 лажици од лубеница содржат само 37 калории.

Рукола

Шолче рукола (20 грама) содржи приближно 5 калории. Руколата е богата со калциум железо и калиум.

Роквици

Роквиците се добар извор на калиум, фолат и витамин Ц, а 130 грама од ова овошје содржи само 18 калории.

Зелени или црни маслинки

Маслинките содржат многу калциум, витамин Е и железо, а порција маслинки од 15 грама содржат само 22 калории.

Пиперки

Порција пиперки од 85 грама содржат само 25 калории. Сите сортни пиперки се одличен извор на витамин Ц и Б6.

Домати

Доматите се одличен извор на антиоксидансот ликопен, а имаат и високо количество на витамин Ц, калиум, фолат и витамин К. Порција домати од 120 грама, содржи само 25 калории.

Целер

Целото стебло целер содржи помалку од 6 калории. Овој зеленчук е добар извор на влакна и содржи многу антиоксиданси, вклучувајќи витамин Ц и флавоноиди.

Зелена салата

Зелената салата е богата со витамините А и К, како и фолати. Едно шолче (72 грама) од оваа салата содржи само 10 калории.

Краставица

Краставицата е богата со витамин К. Една краставица од 120 грама содржи само 18 калории.

Цвекло

Цвеклото е одличен извор на влакна, витамин Ц и фолат. Едно цвекло од 80 грама содржи приближно 34 калории.

Тиквички

Богати со калиум, влакна и витамин Ц. Околу 100 грама тиквички содржат само 20 калории.

Тиква

Можеби изгледа како заситувачко овошје, но едно шолче тиква има само 30 калории. Исто така, тиквата е богат извор на витамини А, Ц, Е и Б6.

Црвена зелка

Шолче (70 грама) црвена зелка содржи нешто повеќе од 20 калории. Црвената зелка е одличен извор на витамините А, Ц и К.

Шампињони

Овие печурки се добар извор на хранливи состојки, вклучувајќи витамин Д, цинк и антиоксиданси. Пола шолче (35) грама шампињони имаат нешто помалку од 8 калории.

Карфиол

Карфиолот е одличен извор на витамин Ц. Едно шолче (100 грама) карфиол содржи само 27 калории и 5 грама јагленихидрати.

Праз

Одличен додаток на супи и чорби, а едно просечно парче има само 55 калории. Празот е добар извор на калциум железо, витамин Ц и витамини од групата Б.

Спанаќ

Спанаќот е познат како богат извор на железо, но содржи и витамин А, манган, витамин Ц и витамин Б6. Едно шолче (25 грама) содржи само 6 калории.

Блитва

Порција блитва од 100 грама содржи само 19 калории. Блитвата е многу хранлива поради антиоксидансите, влакната, калциумот и железото, како и витамини Ц, Е, Б6 и К.

Кељ

Кељот содржи влакна, антиоксиданси, кацлиум, витамини Ц и К, железо, но и многу други хранливи состојки. Едно шолче кељ од 25 грама има нешто помалку од 9 калории.

Морков

Морковот е совршена ужинка. Преполна со витамин Ц, К и витамин Б, а еден мал морков содржи само 20 калории.

Брокула

Брокулата е одличен извор на влакна и содржи многу витамини и минерали, вклучувајќи витамини А, Ц, Е, К и витамини од групата Б. Исто така е богат со фолат, калциум и магнезиум. Едно шолче брокула од 90 грама, содржи нешто повеќе од 30 калории.

Лук

Порција лук од 100 грама содржи помеѓу 40 и 45 калории, во зависност од неговиот вид. Лукот е добар изор на витамини, вклучувајќи ги витамини Ц и Б6.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *