Ова се најпаметните нации на светот, што мислите, на кое место би била Македонија?

Компанијата Vouchercloud објави листа на најпаметни нации на светот. Бројот еден е Јапонија, а на листата доминираат европските држави.

При одредувањето на најпаметните во преглед се земени бројот на добиени Нобелови награди, коефициентот на интелигенција и резултатите од тестирањето на студентите и учениците.

На листата се наоѓаат дури 15 земји од Стариот континент, а Јапонија ја следат: Швајцарија, Кина, Соединетите Американски Држави, Холандија, Русија, Белгија, Велика Британија, Канада, Јужна Кореја, Хонг Конг, Германија, Тајван, Австрија, Финска, Унгарија, Данска, Австралија, Норвешка, Шведска, Полска, Израел, Чешка, Франција и Сингапур.

Македонија, како ниту останатите Балкански земји не се најдоа на листата на компанијата Vouchercloud.

Во бројот на освоените Нобелови награди убедливо се први Соединетите Американски Држави -368. Потоа следи Велика Британија со 132 и Германија со 107. Кога во прашање е коефициентот на интелигенција, првите три места ги заземаат азиска земји. Сингапур е прв со 107,1, втора е Кина со 105,8 и трет е Хонг Конг со 105,7.

Азиските ученици и студенти се најдобри во светот. Со оглед на стапката на успешност на тестовите, прв е Сингапур со 71,37%, го следи Јужна Кореја со 66,85% и Хонг Конг со 66,66%.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *