Ова се најпопуларните имиња за машки и женски имиња во 2021 година во Македонија

Ако на своето дете сакате да му дадете необично и силно име кое ќе го одбележи неговиот живот, ние ви претставуваме неколку имиња кои можат да ви послужат за инспирација.

Доколку очекувате бебе во 2021 година, тогаш веќе наголемо се обидувате да го смислите неговото име. Додека избирањето на имиња за некои родители е најлесен дел од родителството, за други тоа е прилично тешка одлука.

Луѓето обично се водат по тоа да им дадат имиња кои нешто значат или ги потсетуваат на некој кој навистина го сакаат. Исто така, уште еден фактор кој влијае на избирањето е популарноста, а во Македонија во последно време, се попопуларни се кратките имиња за деца.

Ова се најмодерните имиња за оваа година, а секое од нив има моќно значење. Доколку сакате на детето да му изберете едно од овие имиња, низ живот ќе ги следат само убавини.

Најпознатите кратки имиња за девојчиња се Миа, Ема, Мила, Ела, Лара, Лина, Софија, Хана, Ана, Леа и Наталија, додека најпознатите кратки имиња за машки се Матео, Ноа, Емил, Леон, Тео, Матео, Филип, Никола, Даниел и Лука.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *