Ова се сигурни знаци дека вие сте прележале коpона

И додека поголемиот дел од луѓето од ковид-19 се опоравија многу брзо или поминаа без никакви симптоми, некои последици од контактот со ковид се чувствуваат уште месеци откако се појавиле првите симптоми кои биле средно тешки или дури и благи.

Експертите тоа го нарекуваат “долг ковид” или “постковид синдром” и почесто се јавува кај старите личности, но се повеќе примери има и со млади со долг ковид.

“Дури и младите, здрави личности во некои случаеви со недели или месеци после инфекцијата чувствуваат симптоми”, предупредуваат експерти од клиниката Mayo.

Затоа тие составија листа на вообичаени симптоми кои укажуваат дека сте прележале ковид, пренесува Н1.

Се чувствувате уморно

Според клиниката Mayo, ова е еден од најчестите симптоми кај лицата кои патат од долг ковид. За разлика од вообичаениот умор кој иначе го чувствувате, овој повеќе се опишува како “колапс на организмот”, а пациентите кој го чувствуваат, имаат проблеми да станат од кревет или да одат на работа од што им е тешко.

Губење здив

Губењето на здив исто така е еден од основните симптоми на ковид, а во случаеви на долг ковид, компликациите траат многу долго.

Постои можност дека сте прележале воспаление на белите дробови кои оставаат лузни на ткивата и подоцна предизвикуваат проблеми со дишењето.

Кашлица

Сувата кашлица е еден од симптомите на ковид, а многу кој го прележале, пријавуваат дека кашлицата им трае со месеци. Тоа може да биде последица на оштетување на белите дробови, што секако треба да се провери доколку ковид сте поминале без симптоми.

Болки во зглобовите

Лекарите од клиниката Mayo објаснуваат дека болките во зглобовите се јавуваат како резултат на воспалителни процеси, а ковид, колку што е познато, предизвикува разни воспалителни процеси во телото.

Болка во градите

Бидејќи ковид примарно го напаѓа респираторниот систем, после инфекцијата уште некое време можат да се јавуваат болки на ова место. Поради индикација на тој симптом, секако би требало да посетите доктор.

Болки во мускулите и главоболка

Болките во мускулите можат да бидат знак дека телото се бори со инфекција, дури иако не сте свесни. Што се однесува до главоболката, забележан е случај на една пациентка заболена од ковид која во пост ковид фазата главоболката ја чувствувала со месеци.

Отчукувања на срцето

Доколку чувствувате како срцето забрзано чука, тоа може да биде последица на стрес и други здравствени проблем, тоа може да биде и симптом на ковид. Едно истражување открило дека околу 78% од опоравените пациенти од ковид-19 и после опоравувањето имале проблеми со срцето.

Губење на сетилата за мирис или вкус

Губењето на сетилата за мирис или вкус е еден од првите симптоми на ковид-19. За жал, пациентите често го чувствуваат уште долго и после опоравувањето.

Проблеми со памтење, концентрација и спиење

Имајќи во предвид дека ковид го напаѓа невролошкиот систем, ова се чести проблеми кои ги имаат пациентите.

Осип или губење на косата

Ова е еден од најчудните симптоми на долг ковид. Осипот најчесто се јавува на рацете и нозете, а некои имаат проблеми и со опаѓање на косата.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *