Овие бројки се сметаат за среќни ЛОТО броеви, тие се најмногу пати извлечени

Отакако луѓето си ја пробуваат среќата во игрите на среќа, имало и обиди да се открие тајната формула за добивка на богатство кое ќе го промени вашиот живот.

Луѓето отсекогаш имале среќни броеви, датуми на раѓање, број на скали во зградата, хороскоп, комбинирале најмногу извлечени броеви, па дури и верувале во предвидувања на октоподи и петли.

Кога пополнувањата на лото ливчињата ирационално ја надвладуваат логиката, истражувачите успеале да откријат кои броеви најчесто се извлекуваат.

После анализа на повеќе од 1.500 лото извлекувања во 15 земји во текот на една година, научниците составиле листа за која тврдат дека има најмногу шанси да донесе богатство.

16, извлечен 191 пат
22, извлечен 179 пати
28, извлечен 167 пати
37, извлечен 167 пати
6, извлечен 166 пати
3, извлечен 164 пати

Сепак, можеби ова се најсреќните броеви, но игрите на среќа се разликуваат по многу работи. Во некои добивка носи само седмица, други пак имаат пет главни и два бонус броеви, па на нив може да се примени матрицата 6/49.

Во некои лото извлекувања се користи само една машина, додека во други, главната добивка ја носат две – една е за главните, друга е за бонус броевите.

Јарив Рон, директор на компанијата која го извршила истражувањето, е свесен за сите тие бројни фактори и ги советува играчите да најсреќните броеви ги користат само како начин да ја зајакнат својата стратегија во идните извлекувања.

“Без разлика дали броевите ги бирате на основа на раѓање на своите деца, годините или други важни цифри од својот живот, треба да бидете паметни кога пополнувате лото ливче. Нашето истражување за најчестите броеви кои се извлечени во последните 12 месеци можеби нема да ви гарантира добивка, но ќе може да влија на начинот на кој постапувате во иднина”, објаснил Рон.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *