Овие две места се клучни за ширење на новиот сој на коpонавирус, треба да ги избегнувате

Епидемиологот и член на Кризниот штаб на Србија со нови информации поврзани со новиот сој на вирусот.

Ваkцината против ковид и имунитет, се главна тема овие денови, а Србија е многу високо позиционирана во светот според бројот на вакцинираните, а др Предраг Кон вели дека ваkцинацијата ќе спречи ширење на вирусот и ќе овозможи враќање во нормален живот, доколку се ваkцинираат доволен број на луѓе.

Епидемиологот и член на Кризниот штаб на Србија гостувал во емисијата “Утро” на Прва телевизија и зборувал за новито сој на ковид, неговото пренесување и брзината на ширење дури и во земји кои имаат порестриктивни мерки.

“Докажано е дека мутацијата која се случила ја зголемува трансмисабилноста, способноста и брзината на пренесување, нема докази дека ја зголемува тежината на болеста но има наговестувања. Она што е типично, тоа е дека изненадувачки, после целиот овој период се појавува повторно во некои болници и нагло се шири. Е, тоа е она што мораме да го контролираме, ние сите сега очекуваме вирусот да започне да паѓа, а тој всушност во земји од западна Европа се шири се повеќе”, изјавил тој.

Но, сите тие земји имаат порестриктивни мерки, жителите се во карантин, и повторно расте бројот на заразени?

“Воглавно во прашање се колективи, и вирусот бара простор да се размножува и го наоѓа. Разни места каде што сепак постојат поголем број луѓе, кои сепак мора да работат. Хоспиталните установи и работните колективи се вистинскиот проблем”, изјавил тој.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *