Овие две фризури можат да предизвикаат здравствени и естетски проблеми кај жените, треба да ги избегнувате

Носењето на висок реп, фризурата погодна за сите прилики, често и не е најдобар избор поради тежината која може да предизвика различни здравствени и естетски проблеми.

Истражувањата покажале дека освен главоболка, ваквиот начин на врзување на косата, на долги стази, може да резултира и со губење на истата.

Долгото носење на висок реп може да доведе до воспаление на фоликулите. На тоа влијаат и други здравствени состојба како мигрената, така што ребот не е единствена причина за болка. Од друга страна, луѓето едноставно имаат поинаков праг на болка, па не сите го поднесуваат еднакво, што објаснува зошто некои луѓе имаат главоболка од репот, а други не.

Причината за главоболка поради носењето на високиот реп се нервите кои се чувствителни на болка на самата коса. Кога се оптеретени со тежина, во почетокот не предизвикуваат болка, но како што времето поминува, тие нерви стануваат чувствителни, па испраќаат болни сигнали до мозокот.

Слично се случува и кога тој реп ќе се повлече Фоликулите на влканата со текот на времето можат да се воспалат поради притисокот на нервните завршетоци.

“Неуропатската болка предизвикана со допир, медицински наречена алодинија, во овој случај е објаснета низ повлекување на косата која ја предизвикува”, вели доктор Вејд Купер, неуролог и директор на Клиниката за главоболка и неуропатски болести при Универзитетот во Мичиген.

Болка е најчеста кај луѓе кои често носат такви фризури како танчерки и спортисти. Капите за пливање кај пливачите исто така можат да предизвикаат таква болка. Освен тоа, приборот за коса како трака или накосница може да предизвикаат слични главоболки.

Доколку имате болки од репот, можеби сепак постои примарна причина која би требало да ја откриете. Во секој случај, подобро е да менувате стилови, да не носите високо врзан реп константно. Тоа може да ви олесни доколку болките се појават.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *