Овие здрави намирници мора да ги избегнувате доколку сакате да ослабете

За да ги отстраниме вишокот килограми, мора здраво да се храниме и да бидеме физички активни. Тоа го знаат и птиците на гранка, но избалансираната исхрана често вклучува намирници кои се сметаат за здрави, но кои всушност ве успоруваат до доаѓањето до посакуваната цел.

Нутриционистката Сузи Бурел вели дека многу луѓе претеруваат со храната која е нискокалорична и не содржи масти.

“За жал, таквите работи често имаат премногу шеќер, што значи дека ве саботираат”, напишала таа на својот блог.

Таа советува и кој намирници да се отстранат од менито, доколку сакате да истраете во одлуката да ослабете.

Смутиња

Смутито е здрав напиток, но количината на шеќер во само еден ваков напиток може да доведе до пречекорување на препорачаниот дневен внес.

Возрасните не би смееле да конзумираат повеќе од 30 грама шеќер дневно, а децата не повеќе од 24. Едно смути може да содржи помеѓу 60 и 80 грама шеќер.

“Иако поединечни состојки кои се користат за подготовка на типично смути се млеко, јогурт, овошје, мед, јаткасти плодови и семки, се воглавно здрава храна богата со хранливи материи, кога ќе се вклопат во голем пијалок се далеку од здрав, избалансиран избор”.

Сузи изјавила дека, доколку вашата цел е да ослабете, држете се до помали смутиња со само три до четири состојки.

Интегрален ориз

Јагленитехидрати се важен дел од секоја исхрана и треба да прават третина од вашиот оброк. Интегралниот ориз е подобар од обичниот, но не е намирница со која треба да претерувате.

“Едно шолче интегрален ориз содржи 40 грама јагленихидрати, исто колку и три до четири кришки леб”, истакнува Бурел и додава дека половина шолче варен ориз е доволно за една личност, како и да оброците кои се состојат од ориз се збогатат со зеленчук.

Намази и сосеви

Намази и сосеви, дури и оние кои се рекламираат како здрави, често содржат премногу масти и се многу примамливи.

Нутриционистката вели дека половина шолче намаз од хумус содржи околу 200 калории, а тука не се вброени калориите од чипсот или крекерите кои ќе ги конзумирате со него.

Користете само лажица до две по порција.

Сушено овошје

Сушеното овошје може да се најде во житарките и протеинските плочки, но е полно со калории и концентриран шеќер. Затоа Бурел советува дека е подобро да се одлучите за свежо парче овошје.

Крекери и нискокалоричен чипс

Крекерите или чипсот со нискокалорична вредност станаа популарна алтенратива на стандардните чипсови од компир. Меѓутоа, само затоа што станува збор за нискокалорична варијанта, не значи дека се здрави.

“Лесно е да се прејадете од такви грицки, ако веќе обожавате такви работи, подобро е да изберете пуканки. Грицките резервирајте ги за забавни и посебни, а не за секојдневни моменти” заклучила таа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *