Овие знаци покажуваат дека за џабе си го трошите животот, обрнете внимание на вториот знак

Опкружени сме со книги за самопомош и совети како би требало да го живееме својот живот. Сепак, секој сака да го живее својот живот како што сака, не држејќи се до туѓите совети.

Меѓутоа, постојат одредени знаци кои ни покажуваат дека сепак сме скршнале од патот и кој можат да ни помогнат да откриеме како да не ги трошиме нашите животи.

Не треба да живеете живот од соништата. Не ви се потребни куп пари. Исполнетиот живот произлегува од причината зошто правите одредени работи, а не од самите работи, напоменува колумнистот Ајодели Авосика.

Додека ги читате овие предложени пет знаци кои откриваат дали го трошите сопствениот живот, ќе ви изгледа очигледно што значи да живеете исполнет живот и тие можат да ви бидат потсетник за превземете нешто. Бидејќи, добрата вест кога е во прашање начинот како живееме е фактот дека секогаш можеме да престанеме да правиме работи кои не прават несреќни.

Погледнете ја оваа листа и доколку се пронаоѓате на неа, размислите за тоа дали сте подготвени да превземете нешто со својот живот.

Правите се освен она што сакате да го правите

Мораме да се грижиме за себе и за своето семејство, краткорочно и долгорочно. Но доколку баш ниту во еден момент не се обидете да се извлечете од тој бескраен круг и да поминувате поголем дел од време правејќи работи кои не ги сакате, значи дека фрлате еден важен дел од сопствениот живот.

Да се има контрола над своето време и да се прават работите кои ги сакате не е се, но барем е нешто. Би можело да се каже дека животот има четири главни компонентни – здравје, економска сигурност, љубов и среќа или цел.

Доколку го трошите време на погрешни работи, посебно на погрешна работа, ќе трпат и сите останати аспекти од животот. Тоа нема никаква врска со она што го правите, туку со тоа зошто го правите. Достигнување на точка на финансиска стабилност е клучно, но освен тоа, обидете се да сфатите и што најдобро ви одговара вам, и што најмногу ве прави среќни.

Останувате во партнерска врска иако сте свесни дека тоа не ви оди

Останувањето во врска која ниту еден од партнерите не сака да ја напушти само од страв што ќе остане сам, има долгорочни негативни психолошки последици.

Постојат многу причини кои треба да се земат во предвид. На пример, имањето заеднички деца. Но, исто така мора да ги измерите сите предности и недостатоци. Поенкогаш пак, луѓето пребрзо одлучуваат, бидејќи живееме во култура која промовира дека треба да се напушти секоја врска кога ќе стане тешка. Сепак, не би требало толку многу да се трудиме само за да останеме со некој во врска.

Работа и љубов – тоа се двете најголеми замки во кои луѓето упаѓаат и ги трошат своите животи.

Најголемиот дел од слободното време го трошите на забава и журка

Никој не треба да се скрати од малите слабости и уживања во животот, но понекогаш работите треба да се наречат со вистинското име.

Доколку работите работа која не ја сакате и кога ќе дојдете дома гледате телевизија по три, четири часа секоја ноќ, а викендот го поминувате на журка – очигледно е дека си го трошите својот живот.

Кога така го поминувате своето слободно време значи дека сакате да се скриете од нешто. Секој некогаш упаднал во таква замка. За од неа да се побегне, треба да се пронајде нешто доволно поттикнувачки што ќе ја пополни таа празнина. Тоа може да биде хоби, дополнителна работа, учење на некои нови вештини или дополнително усворшување на било кој план.

Доколку вашиот живот нема смисла доколку се откажете од некои пороци, значи дека нешто не е во ред со вашиот живот.

Им посветувате премногу време на луѓе кои не го заслужуваат тоа

Да се научите да кажете НЕ е вистинска супермоќ. Научени сме да чувствуваме вина и да се обврзуваме слободното време да го поклонуваме и на оние луѓе кои тоа не го заслужуваат. Морате да сфатите дека не е себичност доколку проценувате колку од вашето време навистина заслужуваат некои луѓе.

Луѓето повеќе ќе ве почитуваат доколку поставите граници. Подсвесно, луѓето не сакаат да ве газат, но сигруно ќе го направат тоа доколку им дадете шанса. Таква е човековата природа.

За многумина, недостатокот на време не е проблем, туку тоа што не умеат правилно да ги постават приоритетите. Кога кон се се однесувате еднакво, тогаш ништо не можете да направите доволно добро. Така, доколку се обидувате на сите да им ги удоволите желби, ќе го постигнете целосно спротивниот ефект.

Немојте да се правадате, доволно е да кажете “Извини, моментално не можам да се посветам на тоа”.

Своите постапки ги засновате повеќе на што другите мислат за тоа, отколку на личните избори

Стравот од неприлагоденост, стравот од социјално одбивање, стравот од лоша положба во племето или општеството. Навистина ни значи тоа, бидејќи тоа е дел од нашата природа, но можеме понекогаш да се спротиставиме на таквото умрежување.

Одговорни сте само за себе, семејството и луѓето до кои најмногу ви е дојдено. А вашата способност да бидете она што сте, влијае на таквите врски.

Класична грешка кој сите ја правиме или ја имаме направени – веруваме на туѓите проценки бидејќи мислиме дека тоа ќе биде најдобро за нашите најблиски. Вашите деца не сакаат да се покорите и бидете нивни жртви. Тие сакаат да ви видат како живеете смело, како правите грешки, но и како ги исправувате.

Ќе бидете многу поотворени и погрижливи кон луѓето кои ги сакате кога прво ќе ги задоволите сопствените потреби. Зошто? Бидејќи ќе бидете една помалку огорочена, очајна и тажна личност во нивното опкружување.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *