Овие компании заработуваат милиони евра дневно поради коpоната, тие најмногу профитираа

Времето за испорака се продолжило поради огромните побарувачки, и сега изнесуваат 510 дена.

Малезиската корпорација Топ Глав (Glove) соопшти денес дека нејзината нето добивка скокнала за повеќе од 20 пати во првиот квартал од компаниската фискална година, бидејќи новите бранови од епидемијата последните месеци влијаеле на растот на побарувачкат за заштитни гумени ракавици и на порастот на продажната цена.

Нето добивката на компанијата во период септември-ноември пораснала за 2.030 отсто, од 2,38 милијарди рингити на 585,49 милиони долари, во однос на 111,4 рингити во истиот период претходната година.

Пригодот пораснал за 294 отсто, на 4,76 милијарди рингити (1,17 милијарди долари) се наведува во соопштението на најголемиот светски производител на гумени ракавици.

-Предвидуваме дека во наредните три години и понатаму нема да има доволно ракавици. Порастот на побарувачката е воглавно поттикнат со ниското ниво на моментални залихи на ракавици во магацините на купувачите – изјавил главниот извршен директор Лим Чеонг Гуан на конференција за медиумите.

Компанијата проценува дека побарувачката за ракавици ќе порасне за 20% оваа година, 25% следната година и за 15% после пандемијата.

Времето на испорака на нарачаните количини се продолжило поради огромната побарувачка и сега изнесува 510 дена за нитрилни ракавици, гласело во соопштението на компанијата.

Оперативниот директор Ли Ким Меов изјавил дека Топ Глав е во завршната фаза од разговорите за решавање на проблемите со американските царински власти, кои во јули забраниле производи од две фабрики на оваа малезиска фирма поради обвиненија дека се служат со присилна работа.

Топ Глав минатиот месец се согласил на фазно затворање на некои свои фабрики во Малезија откако епидемијата изби и во нејзините редови, при што повеќе од 5.000 работници добија позитивни резултати на тестирањата.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *